По осум години, Натали Портман се врати на Boulevard de la Croisette.На сцената за филмскиот фестивал во Кан се појави со дури четири фантастични стајлинзи.
Натали е нешто како неофицијална кралица на овогодинешниот филмски фестивал што се одржува на француската ривиера.За време на викендот, американската актерка воодушеви во три различни и веќе незаборавни изгледи на Dior: на премиерите на нејзините нови филмови се појави на црвениот тепих во два бескомпромисно гламурозни фустани. Сепак, на фотосесијата на конференцијата за филмот„Мај Декември“, новиот филм на Тод Хејнс – во кој таа глуми заедно со Џулијан Мур и Чарлс Мелтон -го покажа својот шик и елегантен стајлинг во црвено. Тоа беше враќање во стил за оскаровката актерка. Всушност, таа не е видена во Кан од 2015 година.

Натали го започна своето модно враќање во Кан со својот прв фустан на Dior, кој го носеше на фестивалите во палатата за презентацијата на филмот на Џонатан Глејзер, „Зона на интерес“. Актерката со гламурозен избор го истакна статусот на филмска икона, појавувајќи се во фустан од колекцијата есен 2017. Сепак, за разлика од оригиналот, нејзиниот фустан беше без прерамки и со додаток на контрастен, тенок ремен на половината.Неверојатната морнарско сина креација добива посветли нијанси кон дното, додека не добие ладен сребрен тон. Благодарение на овој ефект, дизајнот изгледа како ода на ѕвезденото небо. За тој ефект придонесоа светките детали на елечето и здолништето, како и светките кои даваа дополнителна доза на сјај. Заедно со гламурозниот фустан, Натали избра и раскошен накит од Chopard.

Фустан направен само за Натали
Но, вистинскиот момент на модниот камбек беше фустанот што Натали Портман го носеше на црвениот тепих за премиерата на филмот „Мај декември“ во кој ја игра главната улога, актерката Елизабет. Иконскиот дизајн е фустан од колекцијата Висока мода на Dior есен/зима 1949 година што Марија Грација Чиури го редизајнираше специјално за неа. Натали Портман повторно го комплетираше изгледот со накитот Chopard и штиклите од Jimmy Choo Max.Во 1949 година, фустаните наречени „Venus“ и „Juno“ (или „Hera“) беа меѓу најпосакуваните дизајни на Кристијан Диор. Фустанот ‘Juno’ се карактеризира со впечатливо здолниште направено од засенчени ливчиња кои потсетуваат на апстрактни пердуви од паун – како еден вид асоцијација со птиците поврзани со кралицата на олимписките богови.

Во црвено од глава до пети
По двата прекрасни и впечатливи фустани на Dior, Натали се облече во црвено од глава до пети за фотосесија по повод конференцијата за филмот „Мај декември“ и повторно беше во центарот на вниманието. Таа носеше црвен мини фустан со соодветно сако на Dior, а сè заокружи со „Minny“ потпетици дизајнирани од Jimmy Choo.