Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Ги сакате или ги мразите, модните експерти се изјаснија: Омразените „чешки“ сандали ќе бидат омилената обувка во топлите месеци

Иако пандемијата има видено помалку странски туристи отколку претходните години, тоа не значи дека нема да гледаме омразени „чешки“ сандали на секој чекор во текот на летните месеци. Оваа „грда“ или „татковска“ обувка, како што најчесто ја нарекуваат странски модни портали, доминира во модната сцена во последните три години, а модните експерти тврдат дека ќе биде хит и ова лето.

Можеби ве изненади трендот на незабележителни ‘чешки’ сандали што го освоија светот, но ако мислевте дека тоа е само тренд на минување што ќе исчезне толку брзо како што дојде на модната сцена, се излажавте. Овие ‘грди’ сандали се продаваат со брзина на светлината четврта година по ред.

Street Style

Во последните сезони, женската мода беше заменета со трендот на „dad sneakers“, работнички комбинезони и омразените „чешки“ сандали или чевли од бреднот Birkenstock. Оваа навидум незабележителна мода ја освои модната сцена и привлекува се повеќе следбеници од ден на ден. Факт е дека владеењето на штиклите е завршено и дека „грдите“ чевли го зазедоа престолот.

Омразените велкро сандали што некогаш ги видовме на нозете на туристите сега ги имаат сите водечки sвезди на уличен стил во нивниот плакар. Потрагата по овој вид летни обувки, која срамежливо започна да се појавува на нозете на познатите модничари пред неколку сезони, ќе доминира во месеците пред нас.

Интернет-потрагата по овие препознатливи сандали во спортски стил расте незапирливо, а исто толку популарни се и достапните високо улични модели како оние со потпис на брендот Тева или луксузни модели по жешки цени како што е моделот со потпис на модната куќа Шанел.

Street Style

Понудата на овие сандали е навистина голема, така што ќе најдете модели изработени од твид, кожа, најлон, дури и тексас, како и елегантни модели украсени со монистра и циркони.

Asos
Porte & Paire
Loeffler Randall
Zara
Chanel

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement