Џенифер Лопез пристигна на италијанскиот остров Капри каде во моментов е собрана целата светска елита. Латино дивата прошета во два скапи стајлинзи, а во двата главна улога има чантата со зелени светки од реномираниот бренд – Valentino, тешко е да се одлучи која комбинација повеќе и одговара.
Една од омилените летни оази високо на листата на приоритети на богатите и славните со години е италијанскиот остров Капри. Џенифер Лопез (53), американската поп дива, моментално ужива во шармот на италијанскиот остров, познат по својата главна атракција – Сината пештера, која многумина ја нарекуваат „островот на љубовта“.
Во лимон жолт фустан со познатиот потпис на Gucci, кој го искомбинира со бели чевли на платформата на Valentino и зелена чанта со светки, таа целосно се опушти, па дури и пееше на афтер забава.
А дека чантата Valentino и е една од омилените, таа покажа во друга комбинација каде ја искомбинира со лудо добри гладијатори и мини фустан со ист потпис.
Погледнете го ВИДЕОТО: