Chanel ja ангажираше благородната жена од Монако, Шарлот Касираги, како нејзин најнов амбасадор и заштитно лице на новата кампања пролет-лето 2021…
Позирајќи пред објективот на познатото дуо, Inez & Vinoodh, бринетата ни откри како изгледа ден и како изгледа вечер во нејзината земја. На една фотографија, таа носеше розова комбинација во риги, додека лежеше покрај базен. Од втората, можеме да ја видиме во црвен џемпер Chanel и панталони украсени со светки. На третата, таа претставува отворен изглед од пролетната модна ревија. Комбинацијата на блејзер и здолниште од твид вклучува страничен шлиц и блуза со дезен.
„Таа ќе биде олицетворение на нашата филозофија во новата кампања и заедно со Вирџинија Виар ќе го отвори „Les Rendez-Vous Litteraires rue Cambon“, проект што ја претставува љубовта што ја негуваа Габриел Шанел и Карл Лагерфелд кон литературата“, се вели во официјалното соопштение на брендот.