Најголемиот моден настан Мет Гала ќе се одржи на 1 мај годинава во Њујорк, а љубителите на модата со нетрпение чекаат да ги видат познатите личности и тоалетите во кои ќе блеснат. Како и секоја година, гостите на Мет Гала имаат дрес код, кој мора да го почитуваат.
Ана Винтур, која е на чело на овој настан од 1995 година, вчера официјално ја откри темата на овогодинешната Мет Гала, а многумина веруваат тешко дека нешто ќе успее да ја надмине.
- Годинава Мет Гала ќе се одржи на 1 мај и ќе му оддаде чест на еден од најголемите модни таленти: Карл Лагерфелд. Придружната изложба насловена „Карл Лагерфелд: линијата на убавината“ му оддава почит на плодниот дизајнер кој ги предводеше големите модни куќи, вклучувајќи ги Chanel,Fendi и Kloi.
Микаела Коел, Пенелопе Круз, Роџер Федерер, Дуа Липа и Ана Винтур ќе претседаваат со вечерта. А да му оддадат почит на господинот Лагерфелд не е само задача на кураторите на музејот: дресот од 2023 година е „Во чест на Карл“ – се наведува во објавата на „Инстаграм“ профилот на магазинот „Vogue“.

Карл создавал костими за театри и опери во Фиренца, Виена, Салцбург и Монте Карло. Бил и голем вљубеник во фотографијата. Честопати самиот ги фотографирал своите модели, дури објавувал и неколку книги со негови фотографии, а интересно е што новинарите го нарекувале „Кајзер Карл“.
Кога станува збор за неговиот изглед, заштитниот знак му биле фан, бела коса во опавче и црни очила за сонце. Зборуваше четири јазици – германски, француски, англиски и италијански.