Познатите сопружници Џорџ и Амал Клуни летните месеци најмногу ги поминуваат на италијанското езеро Комо каде поседуваат луксузна вила. Минатиот викенд таму беа снимени од папараците на пат кон ресторанот Gatto Nero, каде што престојуваа на романтична вечера. Атрактивната адвокатка за човекови права изненади со интересен стајлинг кој ја покажа нејзината поопуштена страна…
Џорџ Клуни, 61-годишниот оскаровец и неговата 44-годишна сопруга Амал, позната адвокатка за човекови права, пристигнаа во Италија, во вилата што ја поседуваат на италијанското езеро Комо.Откако холивудскиот миленик Џорџ Клуни имаше сообраќајна несреќа пред четири години на Сардинија, по која реши да се ослободи од својот метален миленик на две тркала, мотоцикл Harley Davidson, се претпоставуваше дека актерот повеќе нема да се види на мотор.
Сепак, славните сопружници во ресторанот Gatto Nero пристигнаа со мотор, а поголемо изненадување од таа сцена беше стајлингот на убавата Амал.
Во придружба на својот славен сопруг, таа отиде во ресторан на италијанското езеро Комо во минијатурен фустан покриен со зелен сјај, додека деколтето и полите на фустанот беа украсени со прекрасен детал од тантела. Фустанот е дизајниран од Ermanno Scervino, италијанска модна куќа со седиште во Фиренца, а моментално е достапен по намалена цена.
Фризурата од обемни бранови, која стана заштитен знак на оваа Британка со либански корени, не изостана и овој пат, исто како и стејт аксесоари како обетки и клач чанта.
