Фустанот ја истакна нејзината совршена фигура…
Поранешниот модел на ангелите на Victoria”s, Алесандра Амбросио е вистинска модна инспирација.
Таа беше една од главните модели на „Victoria’s Secret“, заедно со колешката Адријана Лима од година во година чекореше на модната писта и оствари завидна манекенска кариера.
Кога е надвор од должност и зад рефлекторите, Александра може да се пофали со одлично чувство за мода, а овој пат донесе еден од најголемите трендови оваа сезона.
На улиците на Лос Анџелес оваа 41-годишна убавица ги привлече сите погледи во портокалов фустан, на кој имаше интересни шлицови.

Со ефектниот фустан Алесандра комбинираше сламена чанта и рамни сандали со минималистички дизајн.

Модните критичари велат дека ова е беспрекорен изглед за топол летен ден, а како ви се допаѓа модното издание на познатата манекенка?
