Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Ако ве воодушевува култната чанта која му оддава почит на стилот на покојната принцеза од Велс, новата варијанта ќе ве фрли во моден транс…

Презентирана како дел од конфекциската колекција на Dior за есен и зима 2022/23 година, чантата Lady 95.22 го враќа уникатното наследство на познатиот бренд, но со модерни елементи.

Чанта Lady Dior, наречена така во чест на покојната принцеза Дијана, која ја обожаваше облеката и додатоците на познатата француска модна куќа.

Го отсликува стилот на Лејди Ди од 1995 година, а новата верзија е реинтерпретација на познатиот модел.

Современата и суптилно заоблена силуета на оваа чанта ѝ дава уникатна линија и гарантира софистициран изглед. Двете рачки се нежно префинети со кожа и метал, а се украсени со привезоци со букви кои го формираат зборот „Dior“.

Речиси и да нема позната дама која не ја носела познатата чанта на Lady Dior, а слична судбина се очекува да има и Lady 95.22. Како што предвидуваат модните експерти, ова е чанта која ќе ја одбележи 2023 година!

Дело е на дизајнерката Марија Грација Ќури, а најголемата промена во однос на добро познатата класика е тоа што формата на ова парче сега е трапезоидна.
Оваа чанта веќе стана омилен додаток на трендсетерките, па ги носеа италијанската инфлуенсерка Кјара Феранги и шпанската убавица Бланка Миро.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Кајли Џенер блеска во новата кампања за очила на Dolce & Gabbana за пролет 2023 година. По стапките на нејзината сестра Ким Кардашијан, која...

Green Tea

Што се однесува до содржината на витамин Ц, кивито е далеку пред портокалот и ананасот. Покрај тоа, тој е богат со растителни влакна, кои...

Route 66

Раперот со најголема колекција на автомобили во светот има и вистинско уметничко дело во својата гаража. Снуп Дог минатата година наполни 30 години во...

Cotton Club

Не е тајна дека каде и да се појави, актерката и пејачка Џенифер Лопез секогаш е главна атракција. Познатата латино дива создаде сопствена линија...

Advertisement