• Сподели на:

Меси, меси нема да ти/ѝ штети

___

Таа само што ја соблече маицата. Знате ли воопшто што ќе правите со своите раце? Многу мажи се опседнати со женските гради, но исто така има многу од нив кои не знаат што со нив.

Од напред или од позади, станува збор за афинитет. И поглед.

Има жени кои не би имале ништо против доколку партнерот им пријде од позади и со рацете почне да им ги „меси“ градите. Како и во култната сцена од филмот „Лажливо лето ’68“.  А тоа е само една од работите која мажите ја можат со женските гради. За сите оине кои досега не научиле како да се справат со нив, даваме детално упатство.

Секој жена има свои афинитети, па ги има и оние на кои не им е возбудливо нивниот партнер да се занимава со нивните гради, но има и такви кои тоа сосема ги излудува… Секако, доколку се прави на вистинскиот начин.

Поза од позади – Да, прекрасно е да се гледаат женските гради, но има нешто посебно возбудливо кога мажот се занимава со нив додека е зад партнерката. За посебна возбуда, пробајте го ова пред огледало.

Користете ги јазикот и усните – Жените сакаат кога партнерот с оусните и јазикот си игра со брадавиците. Но запомнете, избегнувајте тоа да биде премногу интензивно. Важно е да го набљудувате говорот на телото на партнерката. Едноставно да воочите што и се допаѓа, а што не.

Допирајте ги преку градникот – Секако дека мажите едвај го чекаат она што се наоѓа под градникот, но не е лошо и ако го одложите за кратко овој момент. Пред крајното задоволство, пожелно е мажот да се посвети на градите на партнерката додека сеуште се во градникот така што нежно ќе ги трие со рацете. Едно истражување покажало дека околу 80% од жените силно се возбудуваатпо стимулација на градите и брадавиците.

Бидете нежни – Ова е едноставно, наместо да ги зграпчите нејзините гради како да нема утре, бидете нежни и суптилни.

Закачајте ја – Градите се осетливи, Тоа сите го знаат. Но, иако веројатно сакате да го допирате секој милиметар од нејзините гради, понекогаш помалку е повеќе. Закачајте ја, доближете ги рацете до нејзините ради и лесно допирајте ги брадавиците, сосема лесно, едвај допирајќи ги.

Може и малку погрубо, но кратко – Немојте да ги „нападнете“ нејзините гради, никогаш! Без разлика колку сте доведени во искушение, воздржете се. Поради тоа жените нема да се чувствуваат пријатно. Но малку погруба техника нема да наштети. Само набљудувајте ја нејзината реакција и чекајте го вистинскиот момент. Така најдобро ќе знаете што, како и колку.

Посебно внимание посветете на брадавиците – Многу жени изјавиле дека некои мажи им ги третирале брадавиците како да се копчиња за лифт. Така не се прави. Но многу жени уживаат при стимулација на брадавиците. Нежна стимулација.

И за крај, едно истражување покажало дека поголемите гради се за 24% помалку осетливи отколку помалите гради и можат да поднесат поголема симулација. Истото истражување покажало и дека најосетливиот дел се наоѓа околу брадавицата. Но сепак, секоја жена е индивидуалнаи секоја има различни желби.

Varljivo leto '68 - Mesi,mesi neće ništa da ti škodi


Оставете коментар

___