• Сподели на:

За спанковците – Кревети со балдахин како од бајките

___

Добриот сон е една од најважните работи за здрав и квалитетен живот. Замислете секоја вечер да си ги полните батерии во некое вакво удобно гнездо, со свод кој потсетува на извадок од некоја магична бајка.

za-spankovcite-kreveti-so-baldahin-kako-od-bajkite-001.jpg

Креветот со балдахин е приказна со многу варијации – од дрвена или челична конструктивна рамка која се издигнува над рабовите на креветот, проѕирни, лелеави свилени завеси, до потешки придушени пердиња со потемни тонови, за поголема приватност.

Стилски различни, од современо модерни, со рустикални или кралски елементи, со или без завеси, мора да признаеме дека гледајќи ги ни доаѓа слатка дремка и сè што сакаме е само да си прилегнеме.

Доколку сакате да му дадете нов и повозбудлив изглед на вашиот стар кревет, погледнете ги фотките за доза инспирација:


Оставете коментар

___