• Сподели на:

Во духот на пролетта -нова WALLPEPPER колекција

___

Како изгледа вашиот дом во текот на пролетта? Дали вашите прозорци конечно се ширум отворени? Дали растенијата и пастелните бои владеат во вашиот простор искомбинирани со лесни материјали кои ни овозможуваат уживање и промена на годишните времиња?

Секому му е потребно при промена на годишното време, од зима во пролет да биде опкружен со предмети и дизајнерски решенија кои пленат со топлина и радост. Кога природата ќе се разбуди од својот зимски сон, во секој човек се буди чувство на среќа и енергија, која во текот на зимата прикриено чекаше вистински момент за да се разбуди.

Луѓето во првите денови на пролетта тргаат се она што ја одбележува зимата , како би направиле простор кој би бил создаден за уживање и каде би се чувствувал мирисот на пролетта. Токму тие карактеристични пролетни елементи, како што се разни билки, зеленила, па дури  и некои мали инсекти се главната инспирација за бренд на  Wallpepper посветен на пролетта: букети со цвеќе со нежни ружи, пеперутки, светулки и птици.

Wallpepper брендот одлучи оваа пролет да го намали растојанието и поделбата на ентериерот и екстериерот и во нашиот дом да влезе во универзумот на флора и фауна, со помош на цртежи од ориентален карактер.

Бројните колекции во каталогот за 2016 година покриваат различни теми во француски стил, природни елемнти и омбре дезени, нудејќи притоа различни субјекти за оваа сезона. Се тоа е направено за да се задоволат потребите и вкусовите на клиентите.

Омбре колекцијата која беше презентирана оваа пролет содржи елеганција и градација на бои на нијанси на сина, виолетова и розева боја.Ѕсидовите можат да бидат украсени со фасцинирачки визии на зората и самракот, во период кога деновите се подолги и кога светлоста на градовите им дава поинаков шарм.

Naturalis колекцијата на нашите ѕидови им носи дрвенасти елемнти, цветови, пеперутки и разни инсекти. Палетата на бои кои е користена за оваа колекција може не е сосема реална, но претставува идеално креативна и интерпретирана тема.

Колекцијата French Chic повторно ни ја претставува розевата боја, светло розевата, зелената  и виолетовата  и ни дава нова димензија и уметност.

На крајот, тука е и Chinoiserie колекција, која направи поврат и доминација на пролетна градина со ориентални дизајни, цртежи на бамбус, шарени птици како и пупки цреша кои често ги красат азиските пејзажи.

Wallpepper пролетната колекција претставува репродукција на чудесното небо, живи впечатоци и повторно раѓање, палети на романтични акварели и егзотични територии. Било кој стил или текстура да ги содржи нивната нова понуда, на прв поглед е касно да се скрие приказната за пролетта.


Оставете коментар

___