• Сподели на:

Колоритни тавани кои ќе го обојат вашето секојдневие во домот

___

На што точно ни асоцира пролетта кога се работи за домот во кој живееме? Пролетната генералка, садењето нови цвеќиња во дворовите или на терасите и секако, неизбежното освежување на ѕидовите, односно варосување на домот.

Tavani_vo_boja_1.jpg

Сопствениците на овие домови решиле да ја избегнат традиционалната бела боја кога станува збор за варосување на таваните.

Поголемиот дел од луѓето сметаат дека едноставната бела боја прави визуелно собата да изгледа поголема, и иако тоа донекаде е точно, мора да признаеме дека изборот на овие домаќини кои решиле да внесат малку шаренило во домот е феноменален.

Од најсветли нијанси, како нежна минт зелена боја, светло сива или небесно сина, јасно жолта или потемна окер, па сè до оние потемни и потешки нијанси, вклучувајќи ја изненадувачки дури и црната боја, од фотките може да забележиме дека таваните во боја му даваат сосема нова димензија на домот.

Tavani_vo_boja_2.jpg

Таванот може да е во склад со остатокот од собата или во целосна спротивност со боите на мебелот. Опциите се многубројни: може да се вароса еднобојно, во комбинација со неколку бои или во најразлични геометриски дезени.

Tavani_vo_boja_3.jpg

Тавани во топли пастелни бои, темни нијанси, или златни и сребрени тонови со бисерен, па дури и со сјаен металик финиш, овие соби се вистинско задоволство за гледање и сигурно со уживање би се одмарале во некоја од нив.

Зошто не би го обоиле таванот во вашата омилена боја уште денеска?

 


Оставете коментар

___