• Сподели на:

Eксклузивен пентхаус на Менхетен

___

Кога архитект Ричард Маер гради својот трет станбен облакодер во Њујорк со поглед на реката Хадсон, ги воодушеви сите …

Првите две негови 15 катни згради се завршени со изградба во 2002 година и за нив се упатени многу пофалби. Сепак, за станбениот простор на улицата Чарлс, Маер ја дизајнираше зградата со 31 стан. Помеѓу многуте детаљи на кои внимаваше Маер, можевме да ја забележиме елегантната бела кујна, квалитетните дрвени подови, како и погледот на Менхетен за кој  можеби секој од нас  сонува…

Пентхаусот на оваа адреса тогаш чинеше 20.6 милиони долари и често беше објавуван во магазините за ентериер и естетика, а издавач е Луис Т. Блоуин Мекбејн, кој беше во потрага по простор со елегантни детаљи, кои убаво би се вклопувале во колекцијата на уметнички  и  овој стан го купил во 2005 година, после купувањето на овој стан. Во 2005 година, таа изјави дека за неа купувањето на овој магичен простор, блиску до ѕвездите, сонцето и облаците.

Сега повторно Мекејн се стреми кон ѕвездите, бидејќи тој сака да купи нов стан. Њујоршкиот пентхаус, кој за него претставува магично царство, го ставил на продажба за 40 милиони долари. Овој пентхаус се протега на површина од 500м2 , има отворена дневна соба, трпезарија , нудејќи драматичен поглед и преку двојно поголемата висина на таванот од стандардната.

Нејзиниот пентхаусизлегува на огромна тераса, која ги вклучува сите рабови на овој стан. Ако се движите по стаклените скали, ќе наидете на апартман на аголот, кој нуди посебен поглед на градот. На долниот дел се наоѓаат уштр три спални соби, секоја со свое купатило.

Меѓу многубројните бенефиции кои ги нуди оваа зграда, сопствениците на становите ќе можат да уживаат , да се релаксираат покрај големиот базен кој таа го поседува, фитнес центарот и подрумската визба кој таа зграда ја поседува. Сега може да ни стане појасно каква магија Мекбејн видела во оваа зграда.


Оставете коментар

___