• Сподели на:

Ефикасно уреден мал простор

___

Овој стан, впрочем, претставува студио апартман. Целокупниот негов простор е отворен и транспарентен, со исклучок на бањата.

Овој простор е фокусиран кон дневната соба, која во текот на ноќта се трансформира и во спална соба, па така е заштедено на просторот, кој навистина во овој случај е повеќе од дефицитарен.

Целокупниот мебел е изведен од неутрални и светли тонови, а истите се надополнети со свежина преку светлосините перници на софата. Подот, кој е изведен од материјал со дрвен фурнир, му дава на овој простор пријатна и природна атмосфера, па така од подот зрачи топлина и удобност.

Интересен детаљ во овој стан е стаклената преграда кај пултот, кој истовремено претставува и трпезарија. Оваа преграда освен што дополнително го преградува дневниот простор од кујната, му дава на овој простор и младешки изглед со тоа што е интересно обработена.


Оставете коментар

___