• Сподели на:

Дубаи ќе има хотел со сопствена дождовна шума

___

Најновото архитектонтско чудо кое ќе се појави во Дубаи е хотел кој во себе ќе содржи сопствена дождовна шума.

Dubai-go-gradi-prviot-hotel-so-sopstvena-dozdovna-suma-01

Предвиден да се отвори и почне со работи во 2018-та година, хотелот кој ќе го носи името „Rosemont Hotel and Residences“ ќе се протега на повеќе од 185 илјади квадратни метри и ќе вклучува хотел, станбен и рекреативен простор, вештачка плажа како и базен со стаклено дно кој ќе се протега над улиците на Дубаи.

Хотелот дизајниран од архитектонското студио „ZAS Architects“ ќе биде составен од 47-катна кула која веднаш до себе ќе има уште една таква кула која ќе се користи како станбен комплекс и ќе вклучува 280 апартмани.

Дождовната шума која е предвидена да зафаќа околу 7 илјади квадратни метри ќе биде сместена во делот наречен „подиум“ кој ќе претставува основа за двете кули.


Оставете коментар

___