• Сподели на:

Bespoke со нов дизајн за 2016

___

Убавината на уметничкиот дизајн во комбинација со високите стандарди на производство, се двете главни карактерискики на италијанскиот бренд за луксузни купатила Bespoke.

Уште во 80-тите години на минатиот век, оваа компанија целосното внимание го насочи кон дизајнот. Соработката со архитекти, уметници и престижни дизајнери, ја направија оваа компанија лидер во својата обласа. 

За претстојниот фестивал Salone del Mobile кој ќе се одржи во Милано од 12-ти до 17-ти април 2016 година, Bespoke, има подготвено неверојатен и елегантен нов дизајн.

Во оваа колекција дизајнерот Антонио Лупи ги обновува кабините нудејќи целосна флексибилност и слобода во составот. Тоа се елементи направени од дрво или ламинат, во комбинација со алуминиумска предница од проѕирно или гравирано стакло која завршува со смола или дрво. 

Новиот дизајн на  Bespoke восхитува со својата убавина и елеганција на значително екстремени, едноставни и чисти линии.

купатило 1


Оставете коментар

___