• Сподели на:

Вила д’Есте – Најубавата вила на езерото Комо

___

Некогаш позната како Вила дел Гарово, а денес Вила д’Есте, е една од најубавите вили на брегот на езерото Комо.

Вилата заедно со паркот од 100.000 м2 претрпеле значајни измени од нивната првична изградба во далечниот XVI век кога служела како летна резиденција за Кардиналот од Комо.

Од 1873-та година оваа вила е претворена во луксузен хотел, каде цената за една ноќ во просек се движи меѓу 1.000-1.122 долари, а луксузните апартмани чинат и до 3.926 долари за само една ноќ.

Во 2009-та година списанието „Forbes“ ја прогласи за најдобар хотел во светот, додека во 2008-ма беше рангирана како 15-ти најдобар хотел во Европа и 69-ти најдобар хотел во светот од страна на списанието „Travel + Leisure“.

Секоја година во хотелот се одржува познатиот „Конкурс за елеганција“ посветен на стари автомобили, чиишто почетоци датираат од 1928-ма година, додека во септември вилата е домаќин на „Форумот Амбросети“, меѓународна работилница на која присуствуваат важни личности од областа на политиката, финансиите и бизнисот кој се одржува од 1975-та година.

Ако досега не сте имале можност да ја разгледате вилата, оваа галерија ќе ве натера да се заљубите во неа:


Оставете коментар

___