• Сподели на:

Секако дека нема кој не ја знае Ајфеловата кула во Париз или Фонтана ди Треви во Рим, но покрај овие добро познати места постојат и други места кои најчесто се скриени од очите на туристите а претставуваат вистински мал рај.

___

Секако дека нема кој не ја знае Ајфеловата кула во Париз или Фонтана ди Треви во Рим, но покрај овие добро познати места постојат и други места кои најчесто се скриени од очите на туристите а претставуваат вистински мал рај.

20-evropski-gratcinja-za-koi-povekjeto-turisti-nikogas-ne-slusnale-01

Следната листа на гратчиња ќе ви открие дестинации за кои сигурно не сте слушнале, а поседуваат посебна убавина која чека да биде откриена:

1. Чешки Крумлов, Република Чешка

Сместен во регионот Јужна Бохемија, градот прави да се чувствувате како да сте се вратиле во некое минато време. Мостови на сите страни, од каде и да погледнете мали улици и прекрасен поглед  кон В‘лтава.

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-1.jpg

2. Колмар, Франција

Се наоѓа во регионот Алзас, во северо-источна Франција. Колмар е уникатен спој на француската и германската архитектура,култура и дух. Градот е живописен и шарен,а боите во реалноста изгледаат како на фотографиите.

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-2.jpg

3. Марсашлок, Малта

Марсашлок е главното рибарското гратче за целата земја. Шарен, разигран и исполнет со малтешкиот дух.

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-3.jpg

4. Халштат, Австрија

Халштат е мало езерско градче кое е под заштита на Унеско. Многупати е прогласувано и за најубаво градче покрај езеро во светот. Без разлика дали ќе го посетите на лето или на зима, со сигурност ќе се заљубите во неговиот смирувачки и тивок шарм.

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-4.jpg

5. Блед, Словенија

Има многу што да се види и прави во Блед, но сепак најголема атракција е Бледското Езеро. Едно од најпознатите езера во Словенија и омилено место за посета на туристите.

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-5.jpg

6. Бајбури, Англија

Улицата на фотографијата е можеби најфотографираната уличка во ова мало гратче. Бајбури е исполнет со стариот светски шарм и може со сигурност да се каже дека е едно од најживописните места во Англија.

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-6.jpg

7. Албарасин, Шпанија

Некои би рекле дека Албасарин е најубавото градче во Шпанија. Се наоѓа на два часа патување од Валенсија и половина час од Теруел со воз.

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-7.jpg

8. Пучишча, Хрватска

Хрватска е одличен пример за развиен туризам во последните неколку години, каде туристите можат да откријат многубројни скриени места кои од ден на ден стануваат сè попознати туристички атракции. Како и да е, барем еднаш во животот треба да го посетите брегот на Далмација. Ова мало место таму ќе ви објасни зошто!

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-8.jpg

9. Анеси, Франција

Анеси е изграден во околу замок кој потекнува од XVI век и важи за едно од најживописните гратчиња во Франција скриени од очите на многу туристи. Опкружен е со француските Алпи, a тоа го прави уште поубав и поживописен.

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-9.jpg

10. Манарола, Италија

Фотографијата зборува сама за себе. Италијанскиот брег изобилува со вакви скриени богатства, се што треба да направите е да најдете малку слободно време и да разгледате.

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-10.jpg

11. Итокортормит, Гренланд

За да стигнете до ова мало гратче во Гренланд ќе се помачите исто колку што ќе се помачите да го изговорите и неговото име. Доколку сакате да го посетите мора да се качите на авион од Исланд, кој лета само еднаш во неделата до Гренланд а потоа следува возење со хеликоптер за да стигнете до гратчето. Со сигурност ќе ви се исплати!

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-11.jpg

12. Рејн, Норвешка

Ова мало рибарско место во Норвешка е толку живописно што ако една слика кажва илјада зборови, сликата за ова место сигурно кажува двојно повеќе.

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-12.jpg

13. Одензе, Данска

Иако е третиот по големина град во Данска, Одензе поседува шарм на мало гратче што не може да се најде на друго место во Данска.Вистинско богатство!

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-13.jpg

14. Фрајбург, Германија

Фрајбург се наоѓа на југо-западниот дел на Германија и брои околу 230.000 жители.Фотката кажува повеќе од доволно.

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-14.jpg

15. Гореме, Турција

Град изграден од Римјаните, буквално изграден во самите карпи. Навистина неверојатно.

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-15.jpg

16. Гент, Белгија

Гент е едно од двете скриени богатства на Фландрија (заедно со Бриж). Само на 20 минути со воз оддалечен од својот популарен сосед, Гент е поеднакво шармантен, но на сосема поинаков начин. Доколку имате прилика посетете го и ќе се уверите.

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-16.jpg

17. Торун, Полска

Лоциран во северна Полска, Торун е едно од најубавите гратчиња во целата земја. Доколку сакате да видите нешто повеќе освен најпопуларните Варшава и Краков, Торун е одличен избор.

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-17.jpg

18. Ротенбург, Германија

Можеби ви изгледа познато? Токму во Ротенбург познатиот Волт Дизни нашол инспирација за неговиот анимиран филм „Пинокио”.

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-18.jpg

19. Ароса, Швајцарија

Ароса е релативно мало место лоцирано во швајцарските Алпи и е едно од омилените на Англиското кралско семејство. Ако е добро за нив, доволно добро е за сите нас.

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-19.jpg

20. Берген, Норвешка

Можеби најшармантното и најживописното гратче, лоцирао на западниот дел на Норвешка. Основан во 1070 година со куќи за кукли градот е привлечен како за странските така и за домашните туристи.

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-20.jpg


Оставете коментар

___