• Сподели на:

30 мали навики кои секој пар ги има додека лежи во кревет

___

Паровите се познати по своите мали, слатки навики кои некогаш можат да им бидат чудни на другите луѓе. А, креветот им е омилено место каде понекогаш поминуваат и по цели денови.

30-mali-slatki-naviki-na-parovite-dodeka-lezhat-vo-krevet-001.jpg

Од интересните прекари, до чудните позиции на лежење во креветот, ова се 30 од најинтересните навики на голем дел од паровите:

1. Ги пикате вашите нозе под неговото топло тело за вам да ви биде удобно, иако тоа значи нему да не му биде.

2. Намерно се обидувате да го исплашите така што се ѕверите во него или му дишете на уво додека спие.

3. Ги повторувате истите комплименти за тоа колку ви е удобно со него/неа или колку добро мириса.

4. Се обидувате да се милувате, иако сите миленици се на креветот заедно со вас и тешко ви е да се движите без да ги удрите.

5. Го/Ја потсетувате да ги направи оние мали работи кои често се случува да ги заборавите – го/ја терате да се напие лекарства или да ги извади леќите.

6. Си пеете за да заспиете. Но, наместо смирувачки и мирни тонови вие ги пеете најавните шпици од вашите омилени серии.

7. Си имате свој дел од креветот и двајцата читате различни книги – како старите парови во брак.

8. Останувате будни цела ноќ за да зборувате за хипотетички ситуации – затоа двајцата сте подготвени на природни катастрофи, инвазија од вонземјани и зомби апокалипси.

9. Се пикате под ќебе само за да се милувате со него/неа иако ви е премногу топло и не разбирате зошто му/ѝ се потребни 3 ќебиња.

10. Го/Ја повлекувате поблиску до вас кога знаете дека сонува кошмар.

11. Редите резервни аларми, во случај неговиот/нејзиниот да не се вклучи, бидејќи не сакате да доцни на работа.

12. Обожувате да се „тепате“ со лажни удари или тркалање на креветот. Понекогаш, доволно ви е и партија скокоткање.

13. Кога ќе испуштите гас не чувствувате грижа на совест и немате потреба да се извините.

14. Си помагате при соблекување без работите да станат жешки.

15. Се жалите за сѐ што ви пречи – од колегите, до јадежот од комарците.

16. Го користите неговиот/нејзиниот телефон кога вашиот телефон е на полнач на другата страна на просторијата, а вас ве мрзи да го земете.

17. Ги гледате сите снимени епизоди од серијата која се договоривте дека ќе ја гледате заедно.

18. Спуштате рандом игри, кои сепак ги играте, иако знаете дека тие само ви го трошат времето.

19. Слушате музика и заспивате додека сѐ уште свири.

20. Се лутите кога тој/таа навлегува во вашиот дел од креветот, бидејќи имате тивок договор секој да се држи до својата страна.

21. Му/Ѝ зборувате, иако неговите/нејзините капаци се полузатворени затоа што вие сте будни и не сакате да останете сами.

22. Му/Ѝ покажувате чудни пораки кои пријателите ви ги пратиле и заедно се обидувате да ги дешифрирате.

23. Го/Ја бакнувате на невини места – на челото или на дланката.

24. Зборувате за интересни љубовни состаноци за следниот викенд, бидејќи искрено двајцата сте возбудени да поминувате време заедно.

25. И правите планови за во иднина. Зборувате за свадбата и како ќе се викаат децата.

26. Делите колачиња и чоколадни плочки, иако си ветивте дека нема да јадете во кревет.

27. Се средувате меѓусебно – од некоја непозната причина, не ви е чудно да му/ѝ ја чистите маицата од првут или да ги стискате мозолчињата на грбот.

28. Во еден момент зборувате како бебиња, во друг како нешто сосем трето – бидејќи удобно ви е околу него/неа.

29. Секоја ноќ го/ја потсетувате колку го/ја сакате пред да заспиете.

30. Наутро, измислувате колку што е можно повеќе изговори за да останете во кревет барем малку подолго затоа што последното нешто што сакате е да се оттргнете од топлата прегратка.


Оставете коментар

___