• Сподели на:

30 лекции кои ги научив додека патував сам

___

Последните 18 месеци од мојот живот ги поминувам патувајќи сам. Различни земји, градови… Различни луѓе и култури..

30-lekcii-koi-gi-nauciv-dodeka-patuvav-sam-01.jpeg

Да бидам искрен, патувањето сам не е за секого.

За оние кои се доволно храбри да го прифатат предизвикот, лекциите кои ќе ги научат ќе им го променат животот.

Што научив додека патував сам:

1. Ќе презирате што сте сами. Излегувате од авионот и не можете да си помогнете, едноставно чувствувате нервоза, самотија и сомнеж.

2. Потоа ќе обожавате што сте сами. Ќе ви стане начин на живот и ќе чувствувате комплетна слобода да правите што сакате и кога сакате.

3. Животот поминат со автомобил, сопствен дом и телевизор, а потоа само со еден ранец на вас, ќе ве натера да сфатите колку работите кои сте ги имале ве поседувале.

30-lekcii-koi-gi-nauciv-dodeka-patuvav-sam-02.jpeg

4. Живееме живот каде квантитетот има поголема вредност од квалитетот, тоа важи и за патувањата. Но, далеку поважно е да останете некаде доволно долго за да научите нов јазик и култура, отколку да посетите 10 градови во само 3 дена.

5. Кога патувате сами сфаќате дека светот е преголем, а вие сте премали и дотогаш сте живееле како во меур. Новите култури ги прошируваат видиците, а можете да ги разберете само ако научите нов јазик.

6. Патувањето може да ве натера понекогаш да бидете осамени, но кога ќе се соочите со сопствените мисли, ќе ви стане удобно во сопствената кожа и ќе почнете повеќе да се цените себеси.

30-lekcii-koi-gi-nauciv-dodeka-patuvav-sam-03.jpg

7. Ќе престанете да се грижите за тоа што другите мислат за вас, едноставно повеќе нема да ви биде важно, освен ако не вреди да се ислуша.

8. Кога патувате сами, нема некој друг покрај вас за да ви помогне да се одлучите за нешто, но затоа повеќе ќе ги цените сопствените одлуки.

9. Ќе научите да ѝ верувате на сопствената интуиција. Секој ден ќе правите мали или големи одлуки и никогаш нема да имате доволно информации за комплетна одлука, ќе морате да се потпрете на сопствената интуиција.

10. Вашиот дом е таму каде што сте моментално. Домот ќе почне да ве следи таму каде што сте, а сè што поседувате ќе биде на вашите раменици.

30-lekcii-koi-gi-nauciv-dodeka-patuvav-sam-04.jpeg

11. Ќе научите дека ако сте дојдени во еден град, треба 100% да се посветите на него. Тоа значи барем малку да го научите јазикот, да учите од локалното население и да доживеете друга култура.

12. Ќе научите што ви е најважно во животот.

13. Ќе научите кои личности навистина ви се најважни во животот.

14. Постои нешто магично во тоа да патувате сами во комплетно различен град. Ќе станете поотворени. Ќе научите како да создавате навистина вредни врски. А, тоа значи да не дозволите телефонот да влијае на вас.

30-lekcii-koi-gi-nauciv-dodeka-patuvav-sam-05.jpg

15. Животот е прекраток за да живеете ограничени со тоа што општеството очекува од вас.

16. Ќе научите да не ја одложувате сопствената среќа, да живеете исполнет живот и секогаш да одбирате да бидете среќни.

17. Ќе сфатите дека постојат многу работи кои треба да ги научите.

18. Ќе сфатите дека не треба да ги одложувате работите, дека никогаш не треба да велите дека треба да направите нешто, туку едноставно направете го тоа.

19. Ќе сфатите дека не постои такво нешто како странец.

30-lekcii-koi-gi-nauciv-dodeka-patuvav-sam-006.jpg

20. Ќе сфатите дека ранливоста не е слабост, напротив.

21. Ќе започнете да ги гледате луѓето онакви какви што се.

22. Ќе сфатите дека полесно е да реагирате со фрустрација, но поважно е да научите како да бидете внимателни и добри со луѓето околу вас.

23. Никогаш не заборавајте да донесете некоја книга со вас.

24. Спонтаноста ќе ви стане нов начин на живеење.

30-lekcii-koi-gi-nauciv-dodeka-patuvav-sam-07.jpeg

 

25. Самотијата никогаш не е одговор.

26. Насмевката и добрината се најважната работа која можете да ја направите. Ќе научите дека спонтаната добрина е најважна.

27. Ќе сфатите дека малите работи како губење на резервација во ресторан или тоа што не сте го добиле седиштето покрај прозорец во автобус, не се најголемите проблеми кои еден човек може да ги има.

28. Патувањето е една од оние работи кои ќе ве натераат да се грижите за себеси и личната благосостојба.

30-lekcii-koi-gi-nauciv-dodeka-patuvav-sam-08.jpeg

29. Ќе научите дека секогаш е важно да имате некаква цел и да не се откажувате од неа.

30. Ќе сфатите дека сите ние сме само луѓе.


Оставете коментар

___