• Сподели на:

3 практични совети за пакување од стјуардесите

___

Кога е во прашање вештината на брзо и умешно пакување, ретко кој ги знае така добро триковите на „занаетот“ од стјуардесите.

По илјадниците патувања, тие се најдобар извор на информации и совети како најдобро да се спакувате. Conde Nast Traveler разговарале со три стјуардеси за да ги откријат нивните најдобро сочувани тајни за пакување.

Еве што советуваат тие:

1. Прво пакувајте ги тешките работи

Еден од наједноставните, но често заборавени совети за пакување е дека најтешките предмети треба да се најдат на дното од куферот. Така лесно ќе можете да го движите куферот.

2. Паметни полначи

Полначите се нужно „зло“ кое одзема драгоцен простор затоа, доволно е да земете еден полнач и од него со USB кабли на „направите“ неколку различни полначи.

3. Секогаш носете со себе шал или марама

Без разлика на тоа кое е вашето одредиште, стјуардесите велат дека една работа мора да се најде во вашиот куфер, поголем шал или марама. Ако ви е ладно можете да се покриете, да ги намотате како перница или како ќебе.


Оставете коментар

___