• Сподели на:

12 Најромантични дестинации во Европа

___

Ако сте љубители на романса, далеку од градот и бучавата, ние ќе Ви предложиме 12 дестинации каде Би можеле целосно да се опуштите и да се релаксирате. Овие места кои Ви ги предлагаме не се премногу далеку и не се недостижни.

Бриж- Белгија

Овој град често е на листата на најромантичните градови , кога ќе стигнете таму ќе разберете зошто е токму тој еден од најромантичните градови.Без оглед на тоа дали ќе се најдете таму во лето или во зима , не може да не се заљубите на прв поглед во градот. Велат дека само 2 дена се доволни за да ве шармира градот кој се наоаѓа под заштита на УНЕСКО за Светско наследство. Припаѓа во најдобро сочувани и најубавите средновековни европски градови.

Халштат – Австрија

Мал селски град, може да се каже скриен замок, идеален да се побегне од зимата. Се наоѓа на брегот на езерото Халштат. Иако делува некако осамено и негостопримливо, тоа е местото кое е населено меѓу првите места на кое се населиле луѓет воопшто. Потребни ви се шарм, снег и пријатни ноќи покрај камин- ова место Ви го овозможува тоа.

Чешки Крумлов- Чешка

Само неколку часа возење со автомобил, јужно од Прага ќе наидете на едно од најромантичните места во Европа- Чешки Крумлов. Тоа е идеално место да побегнете од метежот во главниот град и вистински да уживате на неколку дена во убавините на оваа романтична претстолнина. Чешкиот град Крумлов, како еден од најубавите градови во Чешка е под заштита на листата на УНЕСКО  за Светско наследство.

Чинкве Тере- Италија

Пет земји е називот на пет места на лигурскиот крајбрежен регион на Италија. Еден од најживописниот и најпознатиот крајбрежен брег е далеку познат како една од најдобрите туристички дестинации. Кога ќе ги погледнете фотографиите од овој дел ќе ви стане јасно зошто е еден од најромантичните градови.

Вроцлав – Полска

Вроцлав е град во југозападна Полска и историски град на Шлезија. Овој град е четврт по големина во Полска и се протега на двете страни по реката Одра. Овој град е одличен за престој на оние кои не сакаат да одмараат на некое место кое е полно со туристи. Тоа е исто така, град кој е многу шармантен и има разновидна архитектура. Се разбира, Броцлав не е голем град, но стариот дел на овој град ги освои нашите срца со неговата посебна убавина и затоа се наоѓа на оваа листа.

Баварија – Германија

Зошто би посетиле еден град кога може да го посетите повеќе ? Баварија е област во која би било тешко да се одлучите да посетите само еден град, така што Ви препорачуваме да изнајмите возило и да ја прошетате оваа област. Ова дефинитивно е најромантичната област во Германија.

Сент Мориц- Швајцарија

Иако тоа е познат скијачки центар, не може а се изостави со неговите убавини. Тоа е место кое вреди да се посети и во летниот период бидејќи претставува вистински скапоцен камн во оваа област.Сент Мориц е највисокиот град во Европа и се наоѓа на надморска височина од 1.822 метри.

Харлем- Холандија

Харлем се наоѓа на реката Шпарна , 20 км западно од Амстердам и во близина на брегот на Северно море.Ние Ви го препорачуваме, мора да го посетите овој град кој бил претстолнина на грофовите на Холандија во средниот век.

Порто- Португалија

Порто е втор по големина и значење во Португалија, сместен  во нејзиниот северен дел. Неверојатно сликовит град. Градот е познат по виното и го носи името токму по него. Морате да го посетите овој град. Сигуро нема да осанете рамнодушни.

Колмар-Франција

Градот се наоѓа во покраината Алзас , на самата граница со Германија. Просечно во годината паѓаат по 550 см доѓд што е идеално за одгледување на винова лоза. Затоа овој град се смета за град на алзаското вино.

Гдањск- Полска

Иако помалку познат од Варшава и Краков, заслужува исто внимание како нив. Фасцинантна архитектура, многу ресторани, барови, му даваат посебен шарм па затоа мора да го посетите овој романтичен град.

Езеро Блед- Словенија

За ова место сигурно не Ви треба дополнително објаснување- една слика илјада зборови. Туристи од цел свет секојдневно доаѓаат да уживаат во убавините на ова езеро. Се наоѓа на надморска висина од 504 метри, во средина на ледничка долина.

 

 


Оставете коментар

___