• Сподели на:

10 најсреќни земји во светот

___

Четвртиот Светски извештај на среќата штотуку е објавен…

Овој извештај на среќата го изготвува Комисијата на Обединетите Нации, така што интервјуираат луѓе од 156 земји, рангирајќи ги земјите по 6 категрии: БДП по жител, животен век, социјалниот систем, доверба во Владата, слобода како и доверба кон останатите.

За прв пат, овој Извештај ни претстави различни погледи на среќа, однсно варијации на среќа на жителите од различни земји. Земјите во кои среќата се споредува на ист начин, добија карактеристика на најсреќни земји, а ние овој пат Ви ги претставуваме 10 најсречни земји за оваа година на оваа листа.

10. Шведска

Швеѓаните имаат релативно долг животен век и највисок БДП по жител ( 60.430 долари). Оваа земја исто така има и преубави пејсажи и задолжителни и платени породилни боледувања,здравствено осигурување и високо ниво на друштвен активизам. Преку 825 од вкупното население на Шведска излезе да гласа во 2014 година.

9. Австралија

Австралијанците имаат долг животен век, во просек околу 82 години, како и високо ниво на БДП од 67.458 долари, како и високо ниво на друштвена одговорност. Преку 92% од Австралијанците се изјасниле дека имаат кому да му се обратат  доколку им е потребна помош.

8. Нов Зеланд

Ноз Зеланд има исто така долг животен век од 81 година, но најниско ниво на БДП од 41.555 долари. Емисијата на стаклените градини е релативно ниска на овој дел на светот.

 

7. Холандија

Со животниот век од 81 година и нивото на БДП од 50.793 долари, Холандија има највисоко ниво на писменост во светот. Холанѓаните имаат натпросечни резултати во областа на природните науки како и на другите бројни тестови.

6. Канада

Како и сите други земји на оваа листа, Канаѓаните имаат висок процент на БДП од 51.958 и долг животен век – 81 година. Тие имаат високо ниво на професионална слобода, односно на највисоко ниво од 142 земји, кои учествуваа во истражувањето на просперитетот  минатата година од  51.958 долари.

5.Финска

Финска има ниско ниво на корупција, високо ниво на писменост, мала разлика во висината на приходите и животен век од 80 години. Нејзиното БДП  е релативно ниско – 49.146 долари.

4. Норвешка

Норвежаните имаат долг животен век од 81 година, и највисок БДП од сите земји од 100.818 долари. Најголемиот број норвежани имаат добро платен аработа и висок степен на образование.

3.Исланд

Иако Исланд има ниско ниво на БДП- 47.461 долари, нивносто ниво на невработеност е во опаѓање од 2013 година до сега. Тоа е земјата на глечери, термални извори и водопади, има најниско ниво на загаденост, како и животен век од 83 години.

2.Швајцарија

Швајцарија има најниска стапка на криминалот, а нејзините жители имаат просечен животен век од 82 години. БДП на ова земја се наоѓа на 2 место на оваа листа и изнесува 84.815 долари.

1.Данска

Оваа скандинавска земја го држи рекордот на листата на среќа, веќе трета година по ред. Рангирана е како најсреќна земја од повеќе причини- квалитетно здравствено осигурување, сигурна работа и БДП од 59 .831 долари по жител, политичка слобода, низок степен на корупција, платен годишен одмор (5 недели годишно) и животен век од 80 години.

 


Оставете коментар

___