• Сподели на:

НАСА: На цивилизацијата ѝ претстои сигурна пропаст!

___

И порано постоеја разни предвидувања за пропаст на светот, но овој пат научници на НАСА најавуваат “неповратен колапс” на индустриската цивилизација.

Како и Римското царство и цивилизацијата на Маите пред нас, модерниот, индустриски свет каков што го познаваме денес, исто така би можел да исчезне, според студијата на Центарот за вселенски летови Годард на Американската вселенска агенција (НАСА)

И порано постоеле различни предвидувања за крајот на светот, но овој пат научниците на наса го најавуваат најавуваат “неповратниот колапс” на индустриската цивилизација, кои своето истражување го темелат на моделот “HANDY” (Human and Natural Dynamical).

  2

Проектот, предводен од математичарот Сафа Мотешари, ги идентификувал елементите кои доведоа до исчезнување на древните цивилизации, а тоа се: населението, климата, водата, земјоделството и енергијата.

Кога со комбинација на овие фактори се генерираат клучни општествени фукнции, тогаш неминовно доаѓа до колапс, наведуваат начниците.

– Недостатокот на ресурси предизвикан од притисокот на екологијата и економската стратификација на богатите и сиромашните, отсекогаш имале централна улога во процесот на распад. Барем така било во последните пет илјади години – се наведува во студијата, чии резултати ги пренесува британскиот Гардијан.

 1

Експлоатацијата на неодржливите ресурси, нееднаквата распределба на огатството и прекумерната потрошувачка на ресурсите би можеле да доведат до колапс на индустриското општество во рок од само неколку децении, предупредуваат научниците на НАСА.

– Процесот на подемот и падот е циклус кој се повторува во историјата – се наведува во една статија која ќе биде објавена во списанието “Ecological Economics”.

За да се избегне катастрофа, експертите препорачуваат намалување на економската нееднаквост за да се обезбеди правична распределба на ресурсите, заштеда на ресурсите, потпирајќи се на ресурсите како и забавување на растот на популацијата во светот.


Оставете коментар

___