• Сподели на:

 Торта од пуслици и овошје

___

Оваа интересна торта освен со својот изглед, ќе ве привлече и со извонредниот вкус и совршената комбинација на јагоди и крем.

torta-od-jagodii-oblaci-od-slag-01.jpg

Нејзината едноставна подготовка ќе биде само уште една од причините заради што таа веднаш ќе ви стане омилена.

Прочитајте што ви е потребно и погледнете го видеото за работите да ви станат појасни.

Состојки:

  • 6 бели јајца
  • 1 ¾ чаша шеќер
  • 2 лажици пченкарно брашно
  • 2 чаши слатка павлака
  • 1 чаша шеќер

Начин на подготовка:

1. Во поголем сад изматете ги белките од јајцата додека не добиете цврст крем.

2. Во помал сад измешајте ги шеќерот и пченкарното брашно.

3. Постепено (поделете го на 5 дела) додавајте шеќер во изматените белки. Штом на врвот од белките се создаде цврст врв оставете ги настрана.

4. Печете 1 час на 135°С,  а потоа исклучете ја рерната и оставете тестото од белки да отстои уште 1 час во топлата рерна или додека рерната целосно не се олади.

5. Изматете ги шеќерот и слатката павлака додека не добиете цврста смеса.

6. Внимателно наредете го секој слој торта со крем и јагоди.

 


Оставете коментар

___