Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Lindt ќе го отвори најголемиот музеј на чоколадо на светот

Чоколадниот рај доби нова адреса!

Правејќи го она што најдобро го прават, Линдт е целосно подготвен да ги отвори вратите на нивниот музеј – ДHome of Chocolate, кој ќе биде посветен на нивната историја и производство. Дизајниран од архитектонско студио од Базел, Крист и Гантенбајн, овој мултифункционален објект е, сам по себе, спектакл, благо речено.

Музејот се наоѓа во Килшберг и содржи мултимедијални и интерактивни изложби, истражувачки центар, изложбен салон, како и најголемата продавница за чоколади „Линдт“, кафуле „Линдт“ и чоколатерија на Линдт за вистинските љубители на овој деликатес. Шлаг на тортата од целата приказна е огромна фонтана за чоколадо, висока над девет метри, која се наоѓа на самиот влез во зградата.

Тука, посетителите ќе можат да го истражат целиот универзум на слатки, каде што ќе можат да научат како да работат со чоколадо и да создаваат свои ремек-дела, со дегустација на домашни вафли и бројни други специјалитети. Овој музеј ги отвора вратите на 13 септември.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Во тековниот, октомвриски број на списанието ELLE, ќе најдете моден едиторијал под наслов „Misfits“ кој ја покажува убавината и односот на младите генерации од...

Green Tea

Таа има 50 години и е најубавото тело во Холивуд. Џенифер Лопез очигледно има добри гени, но работи и многу напорно за да ги...

Fool Moon

Канитта Тонгнак (40) работела како продавачка на облека три години на улиците на градот Чон Даен на северот на Тајланд. Отпрвин сè изгледа нормално,...

Cotton Club

Брендот Микимото е познат низ целиот свет како најпознат златар во Јапонија. Колку што бисерите им помогнаа да чекорат по својот пат, толку и...