Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Dior му се заканувал на брендот Valentino со тужба и бара 100.000 евра…

На 8 јули модната куќа Valentino одржа модна ревија на Шпанските скали во Рим.

Пјерпаоло Пичиоли прогласи враќање на своите корени и одржа модна ревија во градот каде маестро Валентино Гаравани го основаше брендот. Врвната колекција беше почит на корените на брендот Valentino и афирмација на „правилото“ на Пјерпаоло кое ги направи неговите креации препознатливи низ целиот свет. Манекенките величествено се спуштаа по можеби најпознатите скали на планетата, а печатот уште еднаш го препозна Пјерпаоло како брилијантен моден дизајнер.

Се чини дека ништо не би можело да тргне наопаку во оваа екстраваганција на убавина.

Но, не беа сите задоволни од ова прекрасно шоу. Се испостави дека директорот на малопродажбата Кристијан Диор Италија веќе испратил жалба до модната куќа Valentino,во која објаснил дека еден од бутиците на Dior се наоѓа во близина на областа каде што се одржуваше шоуто и „не може да работи нормално“ за време на подготовката и одржување на претставата. Влезот во бутикот наводно бил отежнат, што веројатно влијаело на бројот на посетители. Работите да бидат уште полоши, тоа се случи во петокот, кога, според менаџерот на францускиот бренд, „приходите обично се високи“. Вработен во Dior ја проценил штетата на 100.000 евра и бара Valentino да им ги исплати во рок од 15 дена. Во спротивно, брендот се заканува дека „ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита на своите права“.

Интересен пресврт во традиционално тивкиот луксузен свет кој ќе биде возбудлив за гледање.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Four Seasons

Прекрасни карпести формации, планини со вулканско потекло и оние чии врвови се покриени со снег и мраз… Саудиска Арабија го нуди сето ова и...

Wall Street

Вселенските ентузијасти можат да имаат можност да додадат дел од историјата во нивната колекција… Во јули 1969 година, американските астронаути Нил Армстронг и Баз...

Fool Moon

Актерката Кирсти Ели почина вчера по битка со ракот.Актерката Кирсти Ели почина вчера на 71-годишна возраст по битка со ракот. Тажната вест ја потврдија...

Fool Moon

Латино пејачката пред 20 години го издаде албумот „This Is Me… Then“, а сега доаѓа да и покаже на публиката каква е денес, преку...

Advertisement