Научниците успешно го тестирале уредот на стаорци…
Мозочен инплант, што ќе се управува со употреба на апликација на телефон, може во иднина да се излечи зависност, депресија и Паркинсоновата болест.
Уредот со големина од 10 милиметри е дизајниран за долгорочно работење, без потреба од промена на батеријата. Енергетската единица ќе се полни преку Bluetooth технологија.
Неговите минијатурни (ЛЕД) диоди имаат за задача да манипулираат со невроните во мозокот.
Влијание врз однесувањето
Научниците од Јужна Кореја успешно тестирале импланти на стаорци, кои претходно биле дозирани со кокаин.
„Фактот дека можеме да влијаеме на однесувањето на животните, со помош на мозочни дразби, е многу интересен и отвора разни можности“, изјави професорот Јеон-Хун Ким.
Апликацијата има целосна контрола врз чипот и неговите опции, пренесува Daily Mail.
„Уредот може да се управува во кое било време, без ограничувања, што го прави ефикасна алатка за истражување на функцијата на мозокот“, изјави менаџерот на проектот Јеон-Хун Ким.