Бендот, наводно, започнал преговори со неколку потенцијални купувачи за правата на целиот свој последен каталог оваа недела.
Членовите на групата Пинк Флојд, наводно, преговараат да го продадат својот најнов каталог за милиони.
Според Bloomberg, бендот наводно започнал преговори со неколку потенцијални купувачи за правата на целиот нивен последен каталог оваа недела. Доколку биде успешна, понудата би можела да биде вредна стотици милиони, според извештаите.
Како што е наведено во Блумберг, „претставниците на бендот стигнале до потенцијални купувачи“ според извори запознаени со ситуацијата. Во извештајот се додава дека „процесот започна во последните неколку дена и прерано е да се знае каков ќе биде исходот“, пишува NME.
Нил Дајмонд, Стинг, Боб Дилан, Зизи Топ, Тина Тарнер, Стиви Никс се само дел од музичарите кои неодамна ги продадоа своите каталози.