Сигурно ќе се согласите со нас: барем 90% од светската популација посака крај на пандемијата на вирусот корона како новогодишна желба…
Сега, нешто повеќе од една година по почетокот на пандемијата, многумина од нас сè уште не веруваат во хаосот што го предизвика целата ситуација – многу луѓе ги изгубија своите најблиски, некои не ги видоа своите семејства со месеци, многумина останаа без работа и покрив над главата, и целиот свет доби сосема поинаква форма. Затоа, крајот на пандемијата, крајот на ерата на заштитни маски и социјалното растојание, дефинитивно е она што повеќето од нас го очекуваат. И додека, повеќето од нас, можат само да чекаат судијата да свирне крај, мега-милијардерот и филантроп, Бил Гејтс, дефинитивно има верба во подобра иднина. Според него, состојбата со пандемијата може да се подобри до крајот на оваа година, која штотуку започна, кога работите полека ќе почнат да се враќаат во нормала.
Во изјава за Fox News, тој додаде: „Ако одобрението за вакцинација дојде порано оваа година како што очекувам, до летото работите во Соединетите држави може да започнат да се враќаат во нормала, како и остатокот од светот. На крајот на годината, сè може да биде исто како и пред пандемијата“.
„Фала му на Бога, технологијата за вакцинација ни е достапна и имаме доволно средства за тоа – компаниите кои работат на вакцини ги ангажираа своите најдобри луѓе. Токму тоа е причината зошто сум оптимист и верувам дека целата оваа сага за Ковид-19 конечно завршува“, додаде тој. И додека го предвидува финалето на пандемијата до крајот на 2022 година, очекува бројот на заразени на глобално ниво да падне благодарение на холистичкиот глобален пристап.
Досега, Гејтс донираше 650 милиони долари за борба против коронавирусот преку неговата фондација, додека вети дека ќе пренасочи повеќе од неговите средства во наредниот период. Вистинска верба во развојот на вакцината, милијардерот ја покажа и на својот личен блог, каде спомена дека ќе имаме можност да уживаме во позитивните ефекти од масовната вакцинација до пролетта оваа година.
Се надеваме дека неговите зборови ќе бидат вистинити!