Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

ПРЕПОЗНАЈ, ПРИЈАВИ, СПРЕЧИ ДИСКРИМИНАЦИЈА

Започнува одржувањето на отворените денови на тема ЕДНАКВОСТ И НЕДИСКРИМИНАЦИЈА.      

Првиот настан ќе се одржи на плоштадот во Тетово, на 12 Септември, со почеток во 12 часот.

Под мотото ПРЕПОЗНАЈ, ПРИЈАВИ, СПРЕЧИ ДИСКРИМИНАЦИЈА, во седум градови во Република Северна Македонија, ќе се одржат еднодневни настани, во форма на отворени денови, чија цел е едукација на граѓаните и граѓанките на темата еднаквост и недискриминација, но и преставување на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) како тело кое нуди заштита од сите типови на дискриминација.

Станува збор за настани од отворен карактер, каде претставниците/чките на Комисијата се отворени за дискусија со локалното население и ќе бидат подготвени да одговорат на сите прашања на присутните.

Важно е да ја подигнеме свесноста дека дискриминацијата е штетна за општеството, но и дека е забранета со закон и не треба да остане непријавена. Токму затоа ќе се зборува како да се препознаат формите на дискриминација, но и како да се пријави дискриминацијата. Важно е да научиме дека луѓето треба да ги почитуваме онакви какви што се, затоа што сите сме еднакви и имаме исти права.

Првиот настан ќе се одржи во понеделник, на плоштадот во Тетово, со почеток во 12 часот, а ќе го отвори  г. Игор Јадровски, претставник на Комисијата. Ги покануваме граѓаните и граѓанките на општина Тетово, да земат учество на овој еднодневен настан.

Настанот е финансиски поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Advertisement