Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Превоз на иднината: Првите луѓе кои патуваа со Virgin Hyperloop

За првпат двајца патници патуваа со Virgin Hyperloop капсула која се движи со помош на магнетска левитација и брзина од 172 км/ч. Сепак, ќе мине година додека овој супербрз превоз на иднината стане нешто што би можеле секојдневно да го користиме.

Компанијата на милијардерот Ричард Бренсон на полигон кај Лас Вегас изврши безбедносен тест во кој патниците патуваа 172 км/ч. Hyperloop е футуристички превоз на иднината со кој луѓето би патувале во вакуумска цевка со брзина до 1.000 км/ч. Тие вагони би можеле да достигнат ваква брзина со помош на магнетска левитација, иста технологија која се користи во разните железнички системи, но овде се наоѓа во вакуум.

Доколку успеат да ја развијат и докажат технологијата, а потоа и да изградат ваков систем, патувањето меѓу Њујорк и Вашингтон би траело половина час.

Virgin досега направи повеќе од 400 тестирања, но без луѓе. Двајцата патници кои се возеа се Џош Геџел, коосновач на Virgin Hyperloop и Сара Лучијан, директор за патничко искуство во Virgin Hyperloop.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Џенифер Лопез ги потресе социјалните мрежи откако позираше гола за да го промовира својот нов сингл „In The Morning“. И покрај тоа што има...

Green Tea

Тиквата е една од главните есенски „деликатеси“. Дури и пред да се здобие со популарност низ целиот свет и да стане една од важните...

Fine Living

Швајцарскиот бренд за луксузни часовници Bovet е повторно во центарот на нашето внимание, бидејќи тие штотуку лансираа нов, неверојатен модел со ограничено издание… Откако...

Fool Moon

Лео Бабута, автор на многу читаниот блог Зен навики, познат по промовирање минималистички пристап кон животот, зборува за магијата на новиот почеток и сè...

Advertisement