Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Поранешната прва дама на САД продава неочекуван аксесоар

Стар шешир, оригинален акварел и дигитални уметнички дела (NFT) се дел од аукцијата „Head of State“ на Меланија Трамп.

51-годишната поранешна прва дама продала акварел палета за очи и аудио порака како NFT за 185 долари пред само неколку недели. Легендарниот бел широк шешир на Мелани што го носела кога францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит ја посетиле Белата куќа во април 2018 година, сега ќе биде претставена на аукцијата „Head of State“.

Покрај еден од нејзините најозборувани модни додатоци, понудата вклучува и слики со акварел од уметникот Марк Антоан Куломб, како и мобилна дигитална NFT верзија на уметничкото дело, додека минималната понуда е 250.000 долари.

Кога Меланија Трамп се појави во 2018 година во бел костум со капа, очите на целиот свет беа вперени во неа по скандалозните наслови за наводните вонбрачни афери на поранешниот претседател. Светло бел костум на Мајкл Корс ја направи да изгледа совршено, а неверојатната бела капа за која станува збор и помогна да создаде силен стилски израз и да избегне контакт со очите. Меланија може да му се заблагодари на својот стилист Ерве Пјер за победничката комбинација на облека.

Трите ставки ќе имаат почетна понуда од 250.000 долари, а наддавањето ќе биде прифатено само преку SOL, форма на криптовалута. Меланија Трамп ја објави аукцијата на Твитер: „Важната колекција содржи три уникатни потпишани предмети, вклучително и бела капа што ја носеше за време на државната посета на францускиот претседател Макрон. Дел од приходите ќе бидат за поддршка на децата од згрижувачката заедница“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Има голема разлика во годините меѓу овие познати парови, но иако се на мета на секојдневни критики, нивната љубов нема граници. Големата разлика во...

Green Tea

Дали знаевте дека ова овошје е природен лек за холестерол, крвен притисок и циркулација? Во написот што следи откријте ги сите негови придобивки за...

Cotton Club

Денот на вљубените е совршена можност да се препуштите на љубовта, а доколку сакате малку да ја подигнете температурата и да го направите овој...

Wall Street

Суперхероите можат да постигнат големи подвизи, вклучувајќи и милиони долари, а за тоа сведочи и продажбата на уникатната страница од стрипот Спајдермен, која неодамна...

Advertisement