Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Популарна игра во која ги трошите парите на Бил Гејтс – Невозможно е да победите!

Бил Гејтс нам ни е познат како еден од најбогатите луѓе во светот и сите веќе знаеме дека неговото богатство изнесува 135,2 милијарди долари, растејќи од секунда во секунда…

Меѓутоа, знаењето и разбирањето се две различни работи. Добивме шанса да го доживееме неговото богатство – не, не ни даде малку пари – благодарение на интерактивната игра „Ајде да ги потрошиме парите на Бил Гејтс“. Станува збор за веб апликација која ви овозможува да купите што било на планетата со трошење на парите на ко-основачите на „Мајкрософт“. По една минута помината во апликацијата, ќе се изморите од трошење пари.

Приказната ја започнавме со 100 милијарди долари, па дури и откако купивме семеен дом за 300.000 долари, три златни прачки во вредност од 2,1 милиони долари, франшиза од Мекдоналдс вредна 4,5 милиони долари, јахти вредни 7,5 милиони долари, четири автомобили Формула 1 за 60 милиони долари , едвај ја почнавме оваа сума. Потоа, се фокусиравме на искуства и интереси, па направивме филм од 100 милиони долари. Чувствувајќи се неверојатно богати, купивме не еден, туку три авиони Боинг 747 за 444 милиони долари, па дури и Мона Лиза. Потоа, го избравме масивниот крузер, бидејќи Џеф Безос ја има една од најголемите јахти на планетата.

Крузерот не чинеше 930 милиони долари. По уште неколку вили, потрошивме вкупно 2.431.650.000 долари. Купивме се што сакавме и ни останаа 97.568.350.000 долари на сметка! Оваа апликација навистина ни дава до знаење колку е богат овој човек – или од друга страна, колку се сиромашни другите луѓе.

Богатството на познати суперхерои е вистинска „ситница“ за Бил Гејтс. Всушност, Бил Гејтс е десет пати побогат од Брус Вејн и Тони Старк заедно! Доколку сакате да видите колку пари ви се потребни за да си купите се што посакувате, ви предлагаме дефинитивно да ја пробате оваа игра.

Повторно пробавме и дадовме се од себе, па купивме дванаесет Ферариња, две јахти, два болиди од Формула 1, четири вили, хеликоптер Апачи, 2 авиони Боинг 747, Мона Лиза, крстосувач и направивме три високобуџетни филмови и не успеавме да „исцедиме“ ни десет проценти од неговите вкупни вредности.

Оваа апликација се здобива со популарност во продавницата на „Google Play“ со повеќе од 100.000 инсталации и бројни високи оценки. Можете да го пуштите на врската или да го преземете преку „Google Play Store“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Компанијата Тифани и Ко. се претстави во Дубаи со најскапото парче накит во својата историја – ѓерданот „World’s Fair“. Неговата цена се проценува на...

Fine Living

Орландо Блум пред да се вери со Кејти Пери, живеел во егзотична вила на Беверли Хилс. Но, по раѓањето на неговата ќерка и претстојниот...

Fool Moon

Стрелците во астрологијата се опишани како среќни луѓе, кои засекогаш остануваат деца во нивните души. Ова е знак кој се стреми кон љубов и...

Green Tea

Кога зборуваме за здравјето, неизбежно е да се спомене и имунитетот, бидејќи тоa не штити од разни инфекции и болести. И кога велиме имунитет,...

Advertisement