Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Под водство на LVMH, модниот свет се обединува за истребувањето на коронавирусот

Низ целиот свет, ефектите на коронавирусот ги нарушија синџирите на снабдување. Кина, која е глобален центар за производство, мораше да затвори фабрики и значително да го забави производството во многу индустрии. Ова значи дека потребната стока како што се маски и лекови ќе биде се помалку. Во овој случај, луксузниот конгломерат Moët Hennessy – Louis Vuitton се најде во првите редови на исклучително важната битка против епидемијата и зависноста од азискиот пазар.

Конгломератот LVMH, матична компанија на повеќе од шеесет брендови како Луј Витон, Живанши и Диор го менува планот за игра поради глобалната епидемија на коронавирус. Постројките за производство на парфеми и козметика на модниот конгломерат во понеделникот започнаа со правење средства за дезинфекција наместо мириси и препарати.

Луксузната групација во неделата соопшти дека ќе започне со производство на гел за дезинфекција во три фабрики за козметика во Франција. Тие ќе ги дистрибуираат до француските болници кои се борат против епидемијата на коронавирус. Оваа недела ќе се произведат дванаесет тони наместо вообичаените парфеми и производи за убавина Кристијан Диор, Герлен и Живанши.

„Сè уште нема недостаток на гел во париските болници, но залихите се мали“, изјави за АФП портпаролката на парискиот систем на болницата, Мартин Хирш, додавајќи дека другите брендови се подготвени да донираат за истите цели. Стравот од коронавирус предизвика масовно купување гелови за раце низ Франција, а многу аптеки ги ограничуваат клиентите на едно шише по лице.

Владата издаде уредба за ограничување на цената по извештаите дека некои трговци се обиделе да направат дополнителен профит од потенцијалните купувачи и сега 100 милилитри не треба да чинат повеќе од три евра, а производителите ширум Франција велат дека вработуваат работници за да одговорат на зголемената побарувачка како што бараат властите строго чистење на рацете како една од главните мерки за борба против епидемијата.

Модните куќи ќе донираат средства за здравствена заштита на властите и публиката за помош – Hôpitaux de Paris, мрежа на јавни здравствени установи кои работат во и околу Париз за снабдување на 39 болници во кои Франција лекува повеќе од 5.000 пациенти со коронавирус.

View this post on Instagram

❤️🇮🇹

A post shared by Donatella Versace (@donatella_versace) on

Во Италија, дизајнерката Донатела Версаче и нејзината ќерка Алегра донираа 200.000 евра на миланската болница Сан Рафаеле за борба против коронавирусот.”Во вакви времиња, важно е да се биде обединет. Можеме да им помогнеме на секој што е во првите редови и се бори секој ден да спаси стотици животи”, напиша дизајнерот на Инстаграм.

Претседателите на модната куќа Прада, Патрицио Бертели и Миуција Прада, во понеделникот објавија дека донирале две единици за интензивна нега и уреди за реанимација на миланските болници Виторе Бузи, Сако и Сан Рафаеле.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Славниот писател објави 25 „упатства за среќа“ на својот блог, врз основа на цитати од неговите познати книги како „Алхемичарот“, „Дневникот на волшебникот“ и...

Cotton Club

Не толку одамна, американскиот бренд Rowing Blazers го лансираше легендарниот џемпер „Принцеза Дајана“ со слатки овци. Не е тајна дека Лејди Ди била икона...

Fool Moon

Ако го обожававте филмот Титаник, секакo не заради трагедијата, туку заради искрената љубовна приказна на Роуз и Џек, или цел живот сонувавте дека ќе...

Four Seasons

Светли бои како портокалова, тиркизна и розова, симетрија, носталгија за минатото во старите возови, телефонски штандови и заборавени сообраќајни знаци, хотели и светилници …...