Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Парче свадбена торта на принцот Чарлс и Дијана од далечната 1981 година e продадено по „неочекувана“ цена

Парче торта од свадбата на принцот Чарлс и принцезата Дијана од 1981 година е продадено на аукција по „неочекувана“ цена од 2.565 долари.

Тоа е дел од една од 23-те торти направени за кралската венчавка, според аукционерите. Првично се проценуваше дека чини помеѓу 416 и 693 долари, но имаше толку голем интерес за започнување на продажбата што беше невозможно да се предвиди за која сума ќе се продаде, изјави аукционерот Крис Албери.

Кралското парче торта има грб во златна, црвена, сина и сребрена боја, сребрена потковица и листови, како и бела украсна глазура. Секако, ова слатко парче е старо 40 години, но чувано во пластична фолија во стара кутија за торта, а продадено во 2008 година на Dominic Winter Auctioneers. Освен што белата глазура е малку оштетена, „колачот“ е добро сочуван.

Ова парче го сочувала Моира Смит, една од личните слугинки на кралицата од палатата Кларенс. Ја чувала завиткана во фолија за цвеќе, со натпис: „Ракувајте внимателно – свадбената торта на принцот Чарлс и принцезата Дијана, 29 јули 1881 година“.

Иако Мојра го продаде ова парче на колекционер во 2008 година, тортата повторно е ставен на аукција. На аукцијата се вклучени и печатени програми на церемонијата и редот на свадбената служба. Списокот вклучуваше спомен-мени за појадокот на кралската свадба и програма за седење на маса.

Аукцијата е одржана само неколку месеци откако синовите на принцезата Дијана се согласија да ја позајмат нејзината венчаница за да биде изложена на јавноста во палатата Кенсингтон. Неодамна на аукција излезе и автомобилот што принцот Чарлс и го подари на принцезата Дијана како веренички поклон, а продаден за повеќе од 72.000 долари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Компанијата Тифани и Ко. се претстави во Дубаи со најскапото парче накит во својата историја – ѓерданот „World’s Fair“. Неговата цена се проценува на...

Fine Living

Орландо Блум пред да се вери со Кејти Пери, живеел во егзотична вила на Беверли Хилс. Но, по раѓањето на неговата ќерка и претстојниот...

Fool Moon

Стрелците во астрологијата се опишани како среќни луѓе, кои засекогаш остануваат деца во нивните души. Ова е знак кој се стреми кон љубов и...

Green Tea

Кога зборуваме за здравјето, неизбежно е да се спомене и имунитетот, бидејќи тоa не штити од разни инфекции и болести. И кога велиме имунитет,...

Advertisement