Од борбата против пандемијата до промените во американската политика, овие влијателни жени дефинитивно оставаат трага во историјата…
Како што може да претпоставите, секој од нив направи промени во нашиот свет на свој начин, и на свој начин се избори за место на оваа листа. Камала Харис е првата жена и првата црномуреста Американка со азиско потекло што стана потпретседател на Соединетите држави. Нејзиниот брз подем во светот на политиката доведе до самиот врв на листата, додека првата позиција, десетта година по ред, ја зазеде германската канцеларка Ангела Меркел. Второто место го зазеде Кристин Лагард, директорката на Европската централна банка.
Жените на списокот на 100 најмоќни во светот доаѓаат од триесет земји, од четири генерации – десет од нив се лидери на државата, триесет и осум се извршни директори, додека пет се познати sвезди на светот на музиката и филмот. Онаму каде што се разликуваат во возраста, националноста и описот на работата, тие се обединети во користењето на нивната платформа за да зборуваат за предизвиците што ни ги наметна претходната година.
На оваа листа има дури 17 новодојденци, кои ни илустрираат дека жените ги водат сите аспекти на општеството кое е трансформирано заради глобалната пандемија. За една година обележана со протести и социјални немири низ целиот свет, беше важно да го користите вашиот глас на вистински начин, а дамите од нашата листа дефинитивно го сторија тоа.
Во нашата галерија можете да ги откриете оние кои ги заземаат првите десет позиции.
Angela Merkel
Christine Lagarde
Kamala Harris Ursula von der Lejen
Melinda Gates
Meri Bara
Nancy Pelosi
Ana Patricia Botin
Abigail Johnson
Gail Boudreau