Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Најмоќните пасоши на годината

Во свет без кoрона, многумина од нас сега полека би планирале да се вратиме дома од некоја далечна дестинација или од светската метропола каде ги поминавме празниците…

Сепак, како што веќе знаете сите, тоа не беше можно оваа година. И покрај тоа, списокот на најмоќни пасоши во светот повторно виде светло на денот. Оваа анализа е направена од страна на Henley Passport Index, годишно рангирање на светски пасоши засновано врз меѓународни пристапи, односно можност носителот на пасош да влезе во земја без виза.

Според ова истражување, Јапонците во моментов се најсреќни, со можност да посетат дури 191 земја без да аплицираат за виза. На второ место се граѓаните на Сингапур, со 190 земји кои не бараат ништо повеќе од пасош. И покрај Брегзит, пасошите во Велика Британија се искачија за едно место повеќе од претходната година, додека пасошите на САД ја задржаа својата позиција.

Иако пред појавата на вирусот корона, глобалната мобилност се очекуваше да се зголеми, заедно со поголема слобода на патување, ситуацијата не одеше според планот, бидејќи многу земји мораа да ги затворат своите граници за сите патници како дел од мерките за спречување пандемија. Затоа, бројот на земји што можете да ги посетите беше десеткуван.

Ви откриваме кои пасоши ќе бидат најмоќни во светот оваа година:

  1. Јапонија – 191 земја
  2. Сингапур – 190 земји
  3. Германија и Јужна Кореја – 189 земји
  4. Финска, Италија, Луксембург и Шпанија – 188 земји
  5. Австрија и Данска – 187 земји
  6. Франција, Ирска, Холандија, Португалија и Шведска – 186 земји
  7. Белгија, Нов Зеланд, Норвешка, Швајцарија, Велика Британија и САД – 185 земји
  8. Австралија, Чешка, Грција и Малта – 184 земји
  9. Канада – 183 година
  10. Унгарија – 182 година

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Покрај нејзиниот сопруг, новата американска потпретседателка на историската инаугурација ја поддржаа и нејзините деца од претходниот брак, синот Кол и ќерката Ела Емхоф, а...

Cotton Club

Веќе разбравме: во блиска иднина, не можеме да се скриеме од алузии на темата домашна облека, сакале или не. Откако ги поминаа скоро сите...

Cotton Club

Автор на бестселер, поранешна прва дама на САД, модна икона и хероина на американската сцена со одличен стил, како и амбасадорка на бројни проекти...

Fool Moon

Судејќи според астрологијата, постојат пет хороскопски знаци кои се попривлечни од другите и имаат единствена личност. Шкорпија Шкорпиите се моќни, енергични и многу се...

Advertisement