Да поседувата кредитна картичка веќе не е статусен симбол како што некогаш било…
Благодарение на понудите на разни банки и нивното намалување на критериумите, кредитните картички се достапни практично за секого, па затоа станаа дел од нашето секојдневие. Сепак, кога станува збор за J.P. Morgan новата Reserve кредитна картичка, треба да се предомислиме. Новото издание е насочено кон своите пребирливи клиенти и создавање на производ што е во согласност со нивниот животен стил и, да бидеме искрени, одличен додаток на секој паричник.
Резервирано за банкарски клиенти кои имаат минимум десет милиони долари средства што можат да се инвестираат, кредитната картичка достапна само со повик тежи дваесет и осум грама и е изградена од паладиум. Слободно можеме да кажеме дека ова е најскапата кредитна картичка некогаш воведена.
J.P. Morgan Reserve кредитната картичка доаѓа со голем број поволности, како што се годишен кредит за патување во висина од 300 долари, 3 пати поголем број поени при купување, Priority Pass и бесплатни кредитни проверки за голем број активности.
Како што велат од оваа компанија, „Сопствениците на J.P. Morgan Reserve кредитната картичка, авантурата е состојба на ум – и трајни спомени може да се направат насекаде. Ние ви даваме повеќе придобивки што можете да ги уживате, без разлика дали се релаксирате во вашиот дом или сте во движење“.