Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

НАЈВРЕДНОТО „ВСЕЛЕНСКО“ ПАРЧЕ ПРОДАДЕНО ЗА 2,8 МИЛИОНИ ДОЛАРИ…

Јакната што ја носеше астронаутот Баз Олдрин на летот на Аполо 11 стана најскапиот вселенски предмет продаден на аукција!

Познатата јакна достигна „астрономска“ цена од 2,8 милиони долари на аукцијата на Sotheby’s одржана оваа недела во Њујорк, станувајќи највредниот предмет во својата категорија, по интензивната десетминутна „тепачка“ меѓу заинтересираните страни.

Иако името на купувачот останува непознато, според аукциската куќа, цената „лесно“ ја надминала проценката на експертите кои очекувале јакната да се продаде меѓу милион и два милиони долари.

Пред почетокот на аукцијата, самиот Баз Олдрин на својот личен профил на Твитер објави објава поврзана со патување кое се случило пред 53 години.

Да се потсетиме дека претходниот рекорд за највреден предмет што се нашол во вселената беше „месечевата вреќа за прашина“ на Аполо 11, која беше продадена за 1,8 милиони долари во 2017 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Route 66

Во текот на изминатите три години од своето основање, Little Car Company со седиште во Велика Британија се прослави со создавање прекрасни, рачно изработени...

Fool Moon

Актерката Скарлет Јохансон (37) е на одмор со пријателите и сопругот Колин Џост на јахта во Хемптонс, а во оваа прилика познатата русокоса предизвика...

Green Tea

Многу жени фантазираат за телото на познатата руска манекенка и актерка, а сега дознаваме што прави таа за секогаш да биде во топ форма....

Fool Moon

Серена Вилијамс отворено проговори за својата одлука да се повлече од светот на тенисот, но и за постпородилната депресија и тешките одлуки со кои...

Advertisement