Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Милијардерот вети дека ќе го купи светот за да го заштити

Дека светот е навистина неверојатно место, можеме да заклучиме практично секој момент во секој ден …

Како што знаете, поговорката „колку луѓе, толку чуда“ е дефинитивно вистинита и проверена – секој од нас реагира различно на слични ситуации, вклучително и трошење пари. Многу луѓе кои имаат повеќе од доволно пари да обезбедат за идните генерации и генерации уживаат да купуваат ексклузивни и уникатни предмети, додека други прават се за да ја зачуваат нашата планета и да ја претворат во некое поубаво место. Еден од нив е милијардер од Вајоминг, кој се обврза да купи 15 проценти од планетата, со цел да ја удвои количината на заштитени површини на копно и вода.

Според наводите, од отворањето на првиот национален парк во светот, Јелоустоун, во 1872 година, петнаесет проценти од земјиштето и само седум проценти од водните површини биле заштитени во нивната природна состојба. Сепак, научниците тврдат дека мора да заштитиме барем половина од планетата, со цел да ги заштитиме повеќето растителни и животински видови од истребување. Споменатиот богаташ со златно срце реши да донира една милијарда долари од своето приватно богатство, со цел да не приближи до таа далечна цел.

Како што дознаваме, неговите пари ќе бидат искористени за создавање и понатамошно проширување на заштитените подрачја, така што тие ќе покриваат до 30% од површината на нашата планета до 2030 година. Амбициозниот осумдесет и тригодишен милијардер Хансјорг Вис, роден во Швајцарија, а сега живее во Вајоминг, претходно донираше 450 милиони долари за заштита на над 40 милиони хектари земја и вода.

Тој исто така ги поддржа напорите за борба против ловокрадците, реставрацијата на реките, подобрувањето на Африканскиот национален парк и многу други, додека играше значајна улога во спречувањето на индустријата на фосилни горива да го деградира заштитеното земјиште.

„Компанијата веќе идентификуваше девет локално водени проекти за заштита на нашето опкружување, кои се одвиваат во тринаесет земји, над 10 милиони хектари земја и 17.000 квадратни километри океани, кои ќе добијат помош од 48 милиони американски долари“, се вели во соопштението.

Мора да признаеме дека светот навистина би бил далеку подобро место, ако побогатите жители размислуваат како г-дин Вис.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Нијанси инспирирани од птици. Dior Makeup се подготвува за претстојната есенска сезона со колекција наречена „Birds of a Feather“, која се состои од палети...

Wall Street

Многу Олимпијци, освојувачи на златни, сребрени или бронзени медали, претставуваат луѓе богати по дух, но и по пари … Како што знаете многу добро,...

Green Tea

Овесната каша е богата со диетални влакна кои го стимулираат варењето, го балансираат шеќерот во крвта и го зајакнуваат имунитетот, и се наметнува како...

Fool Moon

Стресот е толку сеприсутен во нашите животи што сме скоро навикнати на него – би било чудо ако не се нервираме кога ќе се...

Advertisement