Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Која била Рут Бадер Гинсбург?

Рут Бадер Гинсберг почина во петокот на 87-годишна возраст. Оваа харизматична жена, со мала градба, имала неверојатен животен пат, често прошаран со машка доминација и тесноградни социјални форми. Токму на нејзината кожа Рут ја почувствувала целата родова нееднаквост. Иако била една од најдобрите во генерацијата на престижниот Харвард, Гинсбург по дипломирањето не добила ниту една понуда за работа. За време на бременоста со своето прво дете, Рут била деградирана во канцеларијата за социјално осигурување – верувале или не, дискриминацијата на бремените жени во 1950-тите беше легална. После сè низ што минала, Рут станала ревносен застапник за правата на жените и успеала да се бори во шест историски случаи пред Врховниот суд на Америка. Потоа беше избрана за судија за Врховен суд како втора жена на таа позиција во целата американска историја.

Нејзината изјава за жените на позиции е култна.

„Ако ме прашаа кога ќе има доволно жени во Врховниот суд, би рекла „Кога сите девет се жени“. Луѓето се навредени – но отсекогаш имало девет мажи и никој никогаш не бил изненаден “, рече Рут.

Она што ја правеше Рут уште попосебна беше начинот на облекување и додаваше шик детали на фустаните на монотониот судија. Така стана препознатлива поради необичните јаки кои неизбежно ги носеше во судницата над униформата на судијата.

Со заминувањето на Рут Бадер Гинсберг, заминува генерација жени кои ни овозможија да уживаме во плодовите на борбата за правата на жените.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Големите кардигани станаа омилена облека на ѕвездите. Есента е сезона на кардиган. Но, додека се движиме кон зимата, пријатниот дел од гардеробата ги менува...

Cotton Club

Комбинациите на облека на sвездите на уличниот стил имаат многу да ни кажат за модата и трендовите секоја сезона, а тоа не се однесува...

Fool Moon

Серијата „Сексот и Градот“ својата прва епизода ја емитуваше за 6 милиони гледачи ширум светот на 6 јуни 1998 година. Со текот на времето,...

Fool Moon

Ако сте во врска со Шкорпија, можете да бидете сигурни дека дефинитивно нема да ви биде здодевно. Тие се полни со енергија, страсти и...

Advertisement