Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Како Бил Гејтс го прослави својот 66-ти роденден?

Како ја замислувате роденденската забава на еден од најбогатите луѓе во светот?

Судејќи според сè, во домот на Бил Гејтс, забавата никогаш не престанува! Сè започна со моминската забава што ја организирала поранешната сопруга на Бил, Мелинда за нивната ќерка Џенифер, во прекрасна вила вредна 125 милиони долари во државата Вашингтон. Тогаш се одиграла нејзината бајковита венчавка со Најел Насар, вредна повеќе од два милиони долари, а сега во центарот на вниманието се најде и самиот Бил, кој пред неколку дена наполни 66 години!

Џенифер му оддаде почит на својот татко со прекрасна заедничка фотографија која ја објави на Инстаграм, но самиот милијардер имаше големи планови, за неговиот голем ден. Четвртиот најбогат човек на светот, вреден 136 милијарди долари во моментов, го прослави својот роденден на изнајмена јахта по име Лана, која чини 2 милиони долари неделно, а го посети и „Sea Me Beach“ клубот во Турција!

Секако, во прославата му се придружиле и неговите исто толку богати пријатели. Меѓу педесетте гости кои Гејтс ги покани беа и Џеф Безос, вреден неверојатни 177 милијарди долари. Сите гости од Лана јахтата биле пренесени со хеликоптер до прекрасната турска лагуна.

Според Business Insider, Гејтс сè уште изнајмува јахта вредна 2,8 милиони долари неделно, што доаѓа со врвни придобивки, кои се очекуваат од брод со оваа големина. Лана долга 350 метри има теретана, џакузи, клуб на плажа, прекрасен базен и доволно простор за повеќе од 60 гости во неговите 36 кабини.

Јахтата е неверојатно луксузна и совршена за роденденската прослава на некој толку богат како Бил Гејтс. Од обемниот и великодушно дизајниран централен простор за седење, преку екстравагантните ентериери и екстериери создадени од врвни материјали, овој брод има сè што можете да замислите.

Роденденската забава на Гејтс траела околу четири часа, а според извештаите, водопадно течело шампањ, во комбинација со закуска како суши и пица. Додека гостите се симнувале во клубот Sea Me Beach, познат по прекрасната вода и плажа, Џеф Безос искористил хеликоптер до својата јахта Flying Fox. Секако, фотографијата од самата забава не е во јавност, бидејќи ниту на службата ниту на гостите не им било дозволено да носат мобилен телефон со себе за време на овој настан.

Очигледно г-дин Гејтс сака да ужива во животот по разводот од Мелинда, неговата сопруга со која беше во брак 27 години. Сепак, ниту една забава не е целосна без малку драма. Мелинда не се појавила непоканета на забавата ниту пак го полеала со шампањ пред гостите, но славеникот е предмет на остри критики бидејќи остро се залагаше за борба против климатските промени, но, потоа без размислување роденденски се забавува на суперјахта, која емитуваа до 7.020 тони јаглерод диоксид годишно. Од критиките не остана поштеден ниту неговиот пријател Безос.

Тој беше на удар поради фактот што летал наоколу со хеликоптер кој исфрлал околу 107 килограми јаглерод диоксид во атмосферата.

Дополнително, со оглед на тоа што борбата против коронавирусот сè уште е во полн замав, и мерките за ограничување на бројот на луѓе на едно место сè уште се во сила, многу луѓе се запрашале дали овие правила важат кога сте еден од најбогатите луѓе во светот?

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Компанијата Тифани и Ко. се претстави во Дубаи со најскапото парче накит во својата историја – ѓерданот „World’s Fair“. Неговата цена се проценува на...

Fine Living

Орландо Блум пред да се вери со Кејти Пери, живеел во егзотична вила на Беверли Хилс. Но, по раѓањето на неговата ќерка и претстојниот...

Fool Moon

Стрелците во астрологијата се опишани како среќни луѓе, кои засекогаш остануваат деца во нивните души. Ова е знак кој се стреми кон љубов и...

Green Tea

Кога зборуваме за здравјето, неизбежно е да се спомене и имунитетот, бидејќи тоa не штити од разни инфекции и болести. И кога велиме имунитет,...

Advertisement