Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Инсајдерски информации: Apple планира да го освои светот на виртуелната реалност

Ако сте голем љубител на брендот Apple, тогаш дефинитивно следете ги сите новости и гласини поврзани со нив…

Затоа, можно е да сте слушнале за Минг-Чи Куо. Овој аналитичар од Хонг Конг важи за еден од најдобрите кога станува збор за брендот Apple, бидејќи тој беше најсигурен извор на вести поврзани со оваа компанија. Во последната белешка што ја објави во врска со нив, Куо претстави неколку многу фасцинантни информации поврзани со идните производи од сферата на виртуелната и зголемената реалност. Куо, кој е познат по добивањето на инсајдерски информации поврзани со плановите на брендот Apple од азискиот огранок на компанијата, предвиде дека Apple има тригодишен план за лансирање на вакви производи во следната деценија. „Предвидуваме дека траекторијата на Apple кога станува збор за производите MR/AR ќе вклучува три фази – кацига до 2022 година, очила до 2025 година и леќи кои се движат од 2030 до 2040 година“.

Според него, првиот производ ќе биде AR/VR слушалки во форма на шлем, што можеме да го очекуваме веќе следната година, а сегашните прототипови тежат помеѓу 200 и 300 грама. „Ако Apple успее да реши значителни технички проблеми, крајната тежина на производот ќе се намали на 100 грама“, вели Куо, кој предвидува дека цената на новитетот ќе биде околу 1.000 американски долари, што е многу поповолно во споредба со претходните навестувања .

Следно, на сцената ќе влезат AR очилата, кои ќе бидат лансирани најрано во 2025 година. Според Куо, овој проект сè уште не е стасан во фаза на прототип, но тој ќе содржи „оптичко проѕирно AR искуство“ на Apple слој што ќе применува елементи на AR низ реалниот свет.

Последната фаза вклучува нешто што навистина изгледа футуристички – AR контактни леќи што ќе бидат лансирани по 2030 година, но засега тие сè уште немаат фиксен датум на лансирање. Исто така, ќе го означи преминот од видлива во невидлива технологија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Закотвен во бетонскиот океан Хонг Конг, трговскиот центар Whampoa има невообичаена глетка што го рефлектира поморското наследство на градот, но исто така овозможува и...

Four Seasons

Маурициус има една необична коинциденција, а тоа е дека една од неговите најпознати туристички атракции е прилично слична на нејзиното знаме. Имено, знамето на...

Green Tea

Глобалниот тренд на фототерапија се појави пред неколку години. Селфито со футуристички маски кои испуштаат црвено, сино или зелено светло беа објавени од главните...

Cotton Club

Ниту една жена не може да одолее на овој моден додаток! „Headband“ венчиња како оние што ги прослави Блер во серијата „Gossip Girl“ се враќаат на модната сцена....

Advertisement