ИЛОН МАСК, извршен директор на SpaceX и Tesla, кој неодамна го купи и Twitter, изјави дека одредени корисници во иднина би можеле да плаќаат за користење на оваа социјална мрежа.
Маск се огласи на Твитер и ги објасни своите идеи.
„Твитер секогаш ќе биде бесплатен за повремени (обични) корисници, но ќе чини малку за комерцијалните/владините корисници“, напиша тој на Твитер. Тој додаде дека „Било каков приход е подобар од никаков“.
Ultimately, the downfall of the Freemasons was giving away their stonecutting services for nothing
— Elon Musk (@elonmusk) May 3, 2022
Твитер отсекогаш бил бесплатен за сите корисници, но оваа идеја на Маск има своја позадина. Ројтерс минатата недела објави дека Маск им ветил на банките, кои се согласиле да му помогнат да го купи Твитер за 44 милијарди долари, дека ќе најдат начин да ги монетизираат твитовите. Според Форбс, Маск е најбогатиот човек на светот, а тој се согласил да го купи Твитер на 26 април.
„Решив да инвестирам во Твитер бидејќи верувам во неговиот потенцијал да биде платформа за слобода на говор ширум светот и верувам дека слободата на говорот е социјален императив за функционална демократија“, напиша Маск во изјава за финансиската регулатор.
„Меѓутоа, откако инвестирав, сфатив дека компанијата во нејзината сегашна форма ниту ќе напредува, ниту ќе му служи на овој социјален императив. Твитер мора да стане приватна компанија. Има огромен потенцијал и јас ќе ја ослободам“, додаде тој.