Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Зошто идната кралица се откажа од својот „џепарлак“

Животот на благородниците и членовите на кралското семејство, а особено оние близу до линијата за престол, дефинитивно се исполнети со луксуз…

Среќните наследници на светските монархии растат со фактот дека ќе пливаат во пари до крајот на животот, без да се грижат многу за тоа. Сепак, една принцеза реши да тргне по друг пат – принцезата Амалија, најстарата ќерка на кралот Вилем Александар, следната во низата за холандскиот трон, не сака да го прифати својот кралски џепарлак од 1,9 милиони долари.

Амалија, која сега има седумнаесет години, скоро го заврши образованието со високи оценки и има намера да паузира една година пред да се запише на факултет. Како и другите кралски деца, и таа треба да добие прилично висок годишен џепарлак кога ќе наполни осумнаесет години, но поради пандемијата на вирусот корона, решила да размисли добро дали да го прифати.

Триста илјади евра од овој џепарлак би биле нејзината плата, додека материјалните трошоци и личниот надоместок би дошле од остатокот од парите. Во рачно напишано писмо до холандскиот премиер, принцезата ја објасни својата одлука во врска со одбивањето на кралскиот џепарлак, сè додека нејзините вистински кралски должности не стапат на сила.

„На 7 декември годинава ќе наполнам 18 години и според законот ќе добијам џепарлак. „Се чувствувам непријатно да ги добијам тие пари без да направам ништо за возврат, додека другите студенти се борат да заработат пари за студирање, особено за време на периодот на коронавирусот.

Ова е првпат престолонаследничката да одлучи да го одбие својот џепарлак.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Green Tea

Оскаровката Хали Бери е во шестата деценија од животот, а ние ја откривме тајната на нејзиниот неверојатен изглед. Традиционално се очекува од холивудските ѕвезди...

Fool Moon

Кристина Агилера има убав глас, но лоша репутација, а доказ за тоа се многуте тепачки во кои била вклучена пејачката. Кристина Агилера стана светски...

Four Seasons

И покрај високо развиениот банкарски систем на Швајцарија, нејзините жители ретко користат картички за плаќање и претпочитаат готовина. Штом некој ќе ја спомне Швајцарија,...

Cotton Club

Што да се даде на девојката која има сè? Една опција – исклучително ретка чанта HERMES BIRKIN. На 10 август Крис Џенер на својата...

Advertisement