Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Знаци кои покажуваат дека телефонот ви е хакиран

Во денешно време, може да се случи буквално сѐ и треба да бидете свесни за слабостите на технологијата.

За да се намалат шансите вашиот телефон да биде хакиран, дознајте кои се начините на кои може да се случи тоа, како да препознаете ако дојде до тоа и како да се заштитите.

Ова се само дел од нив:

Уредот се ресетира сам

Не постои нитуе една причина вашиот телефон сам да се вклучува и исклучува, доколку се е во ред. Значи, доколку вашиот уред се ресетира сам од себе, тоа може да биде знак дека телефонот ви е „заразен“ со некој вирус, или дека е хакиран.

Не можете да го усклучите

Уште еден знак дека телефонот е можеби хакиран е доколку неможете да го исклучите. Наместо да се исклучи кога ќе ја одберете таа опција, често се отвораат различни апликации, осветлувањето ќе се менува само од себе, и слично.

Брзо се загрева

Телефонот често брзо се загрева за време на полнење, но тоа не е страшно доклку се случува само тогаш. Меѓутоа, доколку уредот се прегрева кога не го користите воопшто или кога не е приклучен на полнач, тоа може да значи декабезбедноста на вашиот уред е загрозена.

Непознати броеви во повиците

Кога ќе ја погледнете листата на последни повици, дали ги препознавате сите телефонски броеви? Доколку тоа не е случај, тогаш треба да обратите внимание и да преземете мерки за да бидете сигурни дека телефонот ви е безбеден, пишува „Genmice“. Истото важи и за добивање повици од непознати странски броеви.

Висока потрошувачка на мобилен интернет

Веројатно самите знаете колку интернет имате во вашиот пакет. Сепак, не е лошо повремено да проведувате колку мобилен интернет трошите во апликацијата на својот оператор. Доколку приметите нерегуларносите, тоа може да е знак дека сте хакирани.

Непознати апликации на вашиот телефон

Често се случува на луѓето да им се појават непознати апликации на телефонот. Доколку ова ви се случи, постојат две можни причини за тоа- или имата малвер или некој ви го хакирал телефонот. Во секој случај, ни двете опции не се добри и во двата случаи вашите податоци се загрозени.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Познато е дека убавината не доаѓа само однадвор, туку секако одвнатре… Добрината на човекот, велат тие, се гледа во неговите очи! Овие хороскопски знаци...

Cotton Club

Сè уште не ни е јасно зошто точно 30-от роденден толку многу влијае на нашата состојба на умот. Токму во овој момент ние често...

Fine Living

Ако не сте го виделе тоа со свои очи, веројатно денес некаде сте наишле на информации дека некаде врне снег. Зимата е пред самиот...

Green Tea

Оваа кајгана на медитерански начин ќе ги освои сите ваши сетила. Потребни состојки: 1 лажица маслиново масло пулпа од домати (количина по вкус) прстофат...

Advertisement