Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

До каде оди влијанието на инфлуенсерите?

Со прозорци од подот до плафонот, маси на балконот и неверојатен поглед на океанот, „Icebergs at Bondi“ е совршено место за уживање во префинет оброк…

Оваа дестинација постојано привлекува гламурозна клиентела која бара шик храна и пијалоци, како и љубители на забави, со интернационални диџеи кои често пуштаат музика токму овде. И иако може да очекувате дека локација како оваа успеала да воспостави некои правила на облекување и однесување, тоа не е секогаш случај. Шокирајќи ги сите посетители на овој локалитет, ноншалантни инфлуенсери и нивните фотографи често ги блокираат нивните погледи на океанот, а тоа стана вообичаена ставка поврзана со описот на ова место.

Сигурно нема да дојдете овде ако сакате вечера во приватност, но повторно, некои работи треба да останат приватни! Сосема непозната инфлуенсерка, барем во делот каде што можеме да ја видиме, е фотографирана на само неколку чекори од гостите на овој локалитет, во комбинација на облека која малку се препуштила на фантазијата.

Можно е инфлуенсерката да имала дозвола да се фотографира, но дали имала дозвола да позира практично во порнографски пози и комбинации на облека, ако воопшто така може да се наречат „крпите“ кои едвај ги покриваат нејзините интимни делови од телото? Моравме да се запрашаме – дали влијанието на инфлуенсерите има некакви граници и на што се тие подготвени за да добијат лајкови и коментари? Очигледно, многу од нив сè уште се водат по старомодно „секој публицитет е добар публицитет“, иако целиот свет за нив зборува со гадење и сожалување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Компанијата Тифани и Ко. се претстави во Дубаи со најскапото парче накит во својата историја – ѓерданот „World’s Fair“. Неговата цена се проценува на...

Fine Living

Орландо Блум пред да се вери со Кејти Пери, живеел во егзотична вила на Беверли Хилс. Но, по раѓањето на неговата ќерка и претстојниот...

Fool Moon

Стрелците во астрологијата се опишани како среќни луѓе, кои засекогаш остануваат деца во нивните души. Ова е знак кој се стреми кон љубов и...

Green Tea

Кога зборуваме за здравјето, неизбежно е да се спомене и имунитетот, бидејќи тоa не штити од разни инфекции и болести. И кога велиме имунитет,...

Advertisement