Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Два брода во едно: Мегајахта која може да си ја дозволат само мал грст луѓе на светот

Авангардија (Авангарда) е концепт на нова мегајахта од студиото Лазарини Дизајн што може да прими вкупно 60 лица.

Италијанскиот дизајнер Пјерпаоло Лазарини е познат по своите уникатни пловни објекти кои привлекуваат големо внимание, а при дизајнирањето на Авангардата, тој беше инспириран од јапонска манга од 1970-тите, односно изгледот на лебедите.

Пловилото е долго 137 метри со контролна кула во форма на глава на лебед. Но, оваа структура е всушност брод долг 16 метри што може да се оддели од остатокот на мегајахтата и да продолжи да плови независно.

Авангардата има пет палуби високи 18 метри, два хелипада, базен и бројни бањски области. Исто така, се планира да се движи со максимална брзина од 18 јазли.

Секако, овој брод засега е само концепт, а неговата изградба би чинела околу 500 милиони американски долари или повеќе од 25 милијарди денари. Затоа, не е изненадувачки што само најбогатите жители на светот можат да си дозволат ваква мегајахта.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Приказната за средбата на најекспонираната кралска двојка, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, која јавноста ја слушаше во последните десет години, се чини дека е...

Fool Moon

Овен Љубов: Можно е да запознаете некој што ќе предизвика страст во вас. Склони сте на авантури. Иницираните врски можат да бидат долготрајни. Зафатените,...

Fool Moon

Тешко е да се најде вистинската хемија и кога ќе се сретнете со момчето со кое од прва ќе кликнете, сѐ на што ќе...

Fool Moon

Нејзиниот последен албум „Thank U, Next“ го виде светлото на денот во февруари минатата година и можеме слободно да го наречеме ремек-дело бидејќи ѝ...