Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Wall Street

Дали Амазон ги шпионира сите што го критикуваат?

Задачата што ја вклучува оваа работа е да ги следи оние што испраќаат закани до Амазон, а во тоа спаѓаат синдикатите и политичките лидери. Аналитичар за разузнавање би собирал информации за сите чувствителни теми во врска со компанијата на Безос, за кои, се разбира, би биле информирани претпоставените.

Рекламата беше избришана кратко откако беше објавена, но не пред да го привлече вниманието на политичарите во Европа. Така Лејла Шајби, член на Европскиот парламент, ги собра своите колеги и заедно испратија писмо до Џеф Безос, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Во писмото тие ја изразија својата загриженост за огласот за вработување и прашаа дали тоа значи дека сите, вклучително и европските политичари, ќе се најдат под потенцијалниот „надзор“ на Амазон.

“Ние сме многу загрижени за вашите намери. Ние сме заинтересирани дали ова вклучува следење на синдикалци и политички претставници кои ја критикуваат работата на компанијата”, е дел од пораката потпишана од 36 члена на Европскиот парламент.

Како што им рекоа на медиумите од Амазон по отстранувањето на огласот, описот на работното место не беше соодветно објаснет и не станува збор за шпионирање, туку за анализа на податоците што се јавно достапни, со цел да се подобри деловната активност на компанијата.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Cotton Club

Најгламурозниот тренд од 2000-тите е повторно во мода. Модата од 2000-тите конечно се враќа на модните писти и на нашите гардероби: веќе сме навикнати...

Fine Living

Австралискиот уметник и златар Колин Барн верува дека шахот, како стратешка игра што ја уживаат милиони луѓе ширум светот, заслужува луксузен изглед, па затоа...

Fool Moon

Според (застрашувачката) европска статистика, скоро 70 проценти од жените воопшто не разговараат со својот партнер за секс. Зошто е важен разговорот? Не можеме да...

Route 66

Секогаш кога ќе наидеме на нов концепт на мотор, секогаш се надеваме дека тој ќе ни понуди нешто повеќе од вообичаено, поместувајќи ги границите...